06 Декември, 2025
0.2435

ПРВ ФАКУЛТЕТ СО ГЕРМАНСКА УНИВЕРЗИТЕТСКА ДИПЛОМА – ОСТАНУВААТ САМО УШТЕ НЕКОЛКУ МЕСТА!

Објавено во: Мои пари 02 Септември, 2025 07:53

Добивај вести на Viber

Студирање според германски стандарди, со можност за речиси нула трошоци за родителите – оваа година интересот за Хајделберг Факултетот во Скопје е голем.

Местата за упис се пополнуваат со голема брзина, а според факултетот, причината е јасна: младите од Македонија и Косово гледаат можност да учат од германски професори и да се движат во чекор со своите врсници од Германија.

Според вработените во Факултетот, годинава интересот е значително поголем во однос на минатата. Дополнителен мотив за студентите и родителите е фактот дека 100 отсто од студентите од првата генерација веќе се вработени во компании – дуални партнери.

Практична работа и редовна плата уште за време на студиите

„Оваа година управата од Германија дозволи квота од 60 студенти, а најголем дел од местата веќе се пополнети, иако вториот уписен рок допрва започнува,“ информираат од ХФС.

Дел од сегашните студенти веќе работат во Шпаркасе Банка, НЛБ Банка, Елемент ПР, фабриките во ТИРЗ-зоните, како и во компании како Сава Пензиско Друштво, ПроКредит, Силк Роуд, Локпорт финансии (САД), Валтек, Оптимум, Еколог, Триглав Осигурување Живот, Жикол, Минт Финтек Груп и многу други.

„Интересот од компаниите е навистина голем. Веќе разговараме со над 40 нови партнери. Моделот е јасен – три дена студии, два дена практична работа. Студентите добиваат плата која речиси целосно ги покрива трошоците за студиите,“ истакнува проф. д-р Синиша Наумоски, член на Управниот одбор на ХФС.

Две студиски програми со германска диплома

Факултетот објави конкурс за прием на студенти за академската 2025/26 година:

1. Бизнис администрација – банкарство, осигурување и контролинг (30 места)

2. Податоци и компјутерски науки (30 места)

Пријави се на https://heidelberg.edu.mk/upisi-2025/

Студиите се одвиваат според германски програми, на англиски јазик, а дипломата ја издава Универзитетот Провадис од Франкфурт.

„Студентите не се бројки“

„Нашата цел е квалитет, а не квантитет. Затоа квотата е мала и внимателно се избираат студентите. Ние вложуваме во секој поединец – студентите не се бројки кај нас,“ вели проф. д-р Улрих Цајтел, претседател на Управниот одбор од Германија.

Студии речиси без трошоци

Родителите често прашуваат за цената на студиите. Од Факултетот објаснуваат дека месечната рата е пониска од минималната плата во Македонија (околу 330 евра) и дека студентите ја покриваат преку сопствени приходи од работа кај дуалните партнери.

„Така, студирањето практично може да биде без трошоци за родителите. Ова е тајната на германскиот систем што за прв пат го донесовме во Македонија,“ додава м-р Даниела Стефаноска од Факултетот.

Со речиси пополнети квоти, сигурна пракса и вработување уште за време на студиите, како и диплома призната во Германија, Хајделберг Факултетот во Скопје станува еден од најпосакуваните избори за младите од Македонија и регионот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј