Прв млекомат за свежо манастирско млеко со средства од Европската Унија
Објавено во: Агробизнис 25 Август, 2025 11:47
Во центарот на Кичево е ставен во употреба првиот млекомат за свежо млеко во Македонија. Обезбеден е со средства од Европската Унија преку проектот АгроСмарт, спроведуван од Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Хемера и ЦЕП Можности.
МРФП денеска соопшти дека жителите на Кичево и околината имаат модерен пристап до свежо кравјо млеко произведено од Земјоделската задруга „Крнино“ составена од членови од Манастирот „Св. Богородица Пречиста“.
- Млекото што се нуди преку млекоматот е свежо, со зачувани природни хранливи својства, без додатоци и конзерванси и во контролирани хигиенски и температурни услови, а освен млеко, потрошувачите имаат можност да си купат и сирење, рече Станоја Станојовски од Манастирот Света Богородица Пречиста, која е дел од Земјоделската задруга Крнино.
Лазар Неданоски од Македонската развојна фондација за претпријатија, пак, оцени дека млекоматот е пример како треба да се одвива модернизацијата на македонските фарми и да се осовременува продажбата на локалните земјоделски производи со достапните средства од Европската Унија.
На настанот, како што информира МФРП, присуствувал и Цветан Трипуновски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, кој рекол дека модернизацијата на земјоделството е во фокусот и на политиките и програмите на Министерството.
Дел од промоцијата беше и посета на фармата со крави во близина на манастирот Света Богородица Пречиста, каде е инсталирана линија за молзење крави и млекарата за производство на млечни производи.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





