Опаѓа бројот на смртни случаи од коронавирусот во Италија
Објавено во: Свет 23 Март, 2020 10:47
Здравствените власти на Италија, прв пат
денеска објавија дека има речиси 20 проценти намалување на смртноста во однос
на вчерашниот ден. Денеска се регистрирани вкупно 651 нови смртни случаи, за
разлика од вчера, кога починаа 793 лица починаа од вирусот. Вкупниот број на
смртни случаи изнесува во најпогодената европска земја е 5.476, а до сега има близу 60.000 пациенти со коронавирус. Дневната
стапка на нови инфекции исто така забави, со пораст од девет проценти,
споредено со просек од околу 15 отсто во изминатите две недели.
Здравствените власти предупредуваат дека битката сè уште не е добиена, но италијанските власти по првпат внимателно изразија надеж за скоро повлекување на коронавирусот.
– Бројките објавени денеска се помали од вчера. Се надевам, и се надеваме дека намалувањето ќе биде потврдено деновиве, но мораме и натаму да бидеме внимателни, изјави синоќа шефот на Цивилната заштита Анџело Борели.
Од италијанскиот санитарен инспекторат велат дека се ште е прерано за радост. – Не смееме претерано да се занесуваме, ниту да даваме преголема важност на денешните податоци, но тоа е знак на кој гледаме позитивно. Првите строги мерки на изолација се донесени на 11 март. Очекувавме резултати по две до три седмици. Значи, следната седмица секако ќе биде пресудна и очекуваме потврда дека трендот е сега обратен, истакна Францо Локатели, директор на италијанскиот санитарен инспекторат.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро
Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат
Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД
БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!





