15 Декември, 2025
0.0347

ПРВ СМРТЕН СЛУЧАЈ ОД МАЈМУНСКИ ВИРУС ВО КИНА: Симптомите слични на грип и на Ковид-19

Објавено во: Свет 20 Јули, 2021 13:03

Добивај вести на Viber

Кинески ветеринар починал откако бил заразен со ретка болест што ја добил од животно (мајмун), позната како вирус на мајмун Б. Жртва е 53-годишен ветеринар од Пекинг и ова е првиот документиран човечки случај на оваа болест во Кина. Според Кинескиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), во март годинава ветеринарот му се слошило откако сецирал две тела на мртви мајмуни, пишува Вашингтон Пост.

Според извештајот на кинеските здравствени власти, објавен во саботата, еден месец подоцна, односно во април, ветеринарот имал гадење, повраќање и треска и починал на 27 мај. Неговите примероци од крв и плунка биле испратени до ЦДЦ во април, каде што истражувачите пронајшлеа докази за потоење на мајмунскиот вирус Б.

Двајца од неговите блиски контакти, маж и жена-медицинска сестра, биле негативни на вирусот, соопштија официјалните лица. Вирусот мајмун Б, или вирусот херпес Б, како што е познато исто така, е распространет кај мајмуните макаки.

Честопати е фатален кога се шири кај луѓето, иако е исклучително редок.

Според американскиот ЦДЦ, регистрирани се само 50 инфекции кај луѓе ширум светот, а 21 од нив починале.

Повеќето се заразуваат откако мајмун ги гризнал или изгребал или кога телесните течностите од мајмунот се во контакт со оштетена кожа.

Едеб истражувач во 1997 година починал од инфекција со вирус Б, откако телесната течност на заразен мајмун навлегла во очите на човекот. .

Исто како и Ковид, првите индикации за вирусот кај луѓето обично се симптоми слични на грип.

Заразените луѓе можат да развијат мали плускавци во раната, додека други симптоми вклучуваат отежнато дишење, гадење и повраќање, болки во стомакот...

Како што напредува болеста, вирусот го напаѓа централниот нервен систем и предизвикува воспаление на мозокот, што доведува до губење на свеста.

Пријавен е само еден случај на заразено лице кое го пренело вирусот Б на друго лице.

Во извештајот објавен во саботата, кинеските здравствени власти соопштија дека откривањето на мајмунскио вирус Б кај луѓето сугерира дека тоа може „да претставува потенцијална закана за лушето кои работат со животни“ и дека е неопходно „да се зајакне надзорот врз лабораториските мајмуни-макаки и работниците.


Можеби ќе ве интересира

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат