26 Јануари, 2025
0.0290

ПРВА ЖРТВА ВО НЕВРЕМЕТО ВО СЛОВЕНИЈА, ЗАСТРАШУВАЧКИ ПОПЛАВИ, НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ НИ УТРЕ: Луѓето се немоќни, алармот е кренат на највисоко ниво

Објавено во: Балкан 04 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Едно лице загина во поплавите во Камник на северот на Словенија за време на невремето што во ноќта меѓу четвртокот и петокот зафати одредени делови од земјата.

Порталот Камник.инфо наведува дека водата однела постар жител во атарот на населбата Бистриче. Во петокот наутро полицијата соопшти дека пред куќа во месноста Камник било пронајдено тело на мештанин, но за жал не можеле да излезат на терен поради поплава.

Силниот дожд предизвика големи поплави во повеќе делови на Словенија, додека Агенцијата за животна средина (АРСО) алармот го крена на највисоко ниво бидејќи се очекуваат нови врнежи и поплави.

Податоците на АРСО покажуваат дека во делови од Словенија веќе наврнале над 100 милиметри дожд за 24 часа, што е просечната месечна количина на врнежи. Според прогнозата, во сабота ќе продолжи да врне дожд и црвено предупредување е издадено за повеќе делови од земјава бидејќи реките во некои населени места се веќе излеани.

Во Коменда, северно од Љубљана, поради поплавите беше прогласена вонредна состојба, а од луѓето беше побарано да не ги напуштаат своите домови во Камник, каде што се затворени сите градинки бидејќи патиштата се блокирани, пренесе агенцијата СТА.

Луѓето мораа да бидат евакуирани од неколку делови на земјата, вклучително и долината Личница во општина Медводе, северозападно од Љубљана.

Врнежите предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето и во северозападниот регион Горење.

Најлоша е состојбата во областа Шкофја Лока во долините Селац и Пољана, кои се отсечени од светот поради поплавените патишта. Во поширокото подрачје на Шкофја Лока поплавени се станбени, деловни и други објекти, а одрони им се закануваат на куќи и патишта. Поплавите и свлечиштата блокираа и неколку патишта во западниот град Идрија, каде што луѓето се повикуваат да не ги напуштаат своите домови доколку не е апсолутно неопходно.

Дирекцијата за цивилна заштита и помош при катастрофи забележа повеќе од 1.000 инциденти поврзани со временските проблеми во рок од 12 часа низ цела Словенија, додека во моментов има околу 170 противпожарни единици.

Во текот на ноќта пожарникарите испумпувале вода од поплавените згради, ги спасувале поплавените возила, ги отстранувале остатоците од под мостовите и обезбедувале одрони.

Луѓето беа евакуирани од најмалку три кампови.

Куќи беа поплавени, а патиштата беа блокирани во други делови на Словенија, вклучувајќи ги и регионите Толмин и Корушка.

Најобилни врнежи се забележани од четвртокот од 16 часот до четири часот утринава на метеоролошките станици Пасја Раван северозападно од Љубљана со 182,7 милиметри на метар квадратен и Вогел и Рудно Поље на Алпите со над 170 милиметри.

Повеќе од 150 милиметри дожд е забележан на аеродромот во Љубљана.


Можеби ќе ве интересира

ХРТ ПЛАНИРА МАСОВНИ ОТПУШТАЊА - 800 работници ќе останат без работа, еве колкава ќе биде максималната отпремнина

ХРТ ПЛАНИРА МАСОВНИ ОТПУШТАЊА - 800 работници ќе останат без работа, еве колкава ќе биде максималната отпремнина

Почина архиепископот Анастасиј кој ја заживеа Албанската православна црква

Почина архиепископот Анастасиј кој ја заживеа Албанската православна црква

Уште една студентка удрена со автомобил на протест во Србија

Уште една студентка удрена со автомобил на протест во Србија

„КАЖЕТЕ ШТО НЕ Е ИСПОЛНЕТО“: Вучиќ ги повика студентите на дијалог

„КАЖЕТЕ ШТО НЕ Е ИСПОЛНЕТО“: Вучиќ ги повика студентите на дијалог

СРПСКИ СТУДЕНТ: Запревме автобус кој требаше да оди на митингот на Вучиќ во Јагодина

СРПСКИ СТУДЕНТ: Запревме автобус кој требаше да оди на митингот на Вучиќ во Јагодина

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) НА ПРОТЕСТИТЕ ВО БЕЛГРАД: Девојка со автомобил покоси студентка

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) НА ПРОТЕСТИТЕ ВО БЕЛГРАД: Девојка со автомобил покоси студентка

ФОТО: БРАВО ЗА ХРВАТИТЕ, ПРАЗНИ ПАРКИНЗИ ПРЕД СИТЕ МАРКЕТИ: Погледнете како изгледа бојкот поради скапотијата

ФОТО: БРАВО ЗА ХРВАТИТЕ, ПРАЗНИ ПАРКИНЗИ ПРЕД СИТЕ МАРКЕТИ: Погледнете како изгледа бојкот поради скапотијата

Црногорскиот МНР не отпатувал на инаугурацијата на Трамп, иако бил единствен поканет

Црногорскиот МНР не отпатувал на инаугурацијата на Трамп, иако бил единствен поканет

И ТРЕТ РУДАР ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО ФАТАЛНАТА НЕСРЕЌА ВО СЛОВЕНИЈА: Стотици тони тиња го поплавија рудникот на Холдинг Словенске електроне

И ТРЕТ РУДАР ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО ФАТАЛНАТА НЕСРЕЌА ВО СЛОВЕНИЈА: Стотици тони тиња го поплавија рудникот на Холдинг Словенске електроне