30 Ноември, 2023
0.0669

„ПРВАТА ДАМА НА СРБИЈА Е МОДЕН ТРЕНДСЕТЕР, А ВУЧИЌ АПОСТОЛ НА СКРОМНОСТА“: Тамара Вучиќ живее луксузен живот во сиромашна Србија

Објавено во: Балкан 21 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Првата дама на Србија, Тамара Вучиќ, сопругата на претседателот на Александар Вучиќ, последните недели е се поактивна во општествениот живот, а своите активности редовно ги промовира на социјалната мрежа Инстаграм, пишуваат српските медиуми упатувајќи бројни критики и коментари за нејзиниот прескап стил.

Така на социјалните мрежи се пофали со фото едиторијалот што и го направила во Париз. Го промовираше својот омилен дизајнер, а во француската престолнина покажа скапа тоалета во која гопомина времето на Модната недела.

Покрај ревиите, првата дама на Србија беше активна и во изборот на мирисната нота за првиот национален парфем „Мирисот на јоргован“ што треба да го изработи, како што истакна најстариот француски производител на парфеми.

Во изминатите недели таа беше во посета на Кина, каде го придружуваше нејзиниот сопруг и во Египет, каде што учествуваше на повеќе меѓународни настани кои се однесуваат на жените претприемачи, како и на африканско-азиската економска соработка.

Според дипломатот Сречко Ѓукиќ, станува збор за потребата да се претстави во јавноста како посебен субјект.

„Јасно е дека кога е на позицијата на која е тоа не може без политика. Но тука не е во улога на слободен стрелец, тоа е личност која го одредува сопствениот имиџ“, изјави Ѓукиќ за N1.

„Се појавува во светот на високата мода или ексклузивни места, промовира дизајнери... Лично, таа може да учествува во вакви активности, но како сопруга на претседателот, не баш. Посебно во држава во која има милион проблеми. Гладни, жедни, боси, држава во која секоја недела се случува фемицид. Децата страдаат на различни начини. Поради ова, мислам дека таа попрво треба да биде посветена на улогата на некој како Мајка Тереза, а не да биде прва личност во џет-сетерското општество“.

View this post on Instagram

A post shared by Tamara Vučić (@tamara.vucic.serbia)


Н1 наведува дека на нејзиниот профил се гледа луксуз, висока мода, парфеми, патувања... кои многумина во јавниот живот ги сметаат за непримерни со оглед на животниот стандард на граѓаните на Србија, чиј лидер е нејзиниот сопруг Александар Вучиќ.

Главниот уредник на Данас, Драгољуб Петровиќ, вели дека, иако претседателот Вучиќ се претставува како апостол на скромноста, првата дама на Србија во јавноста промовира нешто неспоиво со скромноста – луксузен живот и луксузна облека.

„Претседателот вели дека се облекува од некој фонд што никој досега не го видел, па се претпоставува дека и неговата сопруга има некаков фонд на скапи модни креации за кои сопругите на неговите избирачи можат само да сонуваат. Би било добро да се знае како г-ѓа Вучиќ ја финансира улогата на моден трендсетер, за да се отстрани секој сомнеж. Затоа што додека половина Србија се облекува во продавници за втора рака, со своите објави на Инстаграм во скапи креации, таа остава впечаток на прва дама на богата и успешна земја, што Србија секако не е“, оценува Петровиќ за Н 1.

Според него, луксузот на Тамара Вучиќ лесно може да му дојде „преку глава“ на „најскромниот“ претседател во поновата историја бидејќи не оди со сликата што сака да им ја прикаже на сиромашните луѓе на кои им се обраќа.

„Додека луѓето намоткуваат кабли за минималец, некои очигледно живеат многу добро и трупаат големи пари“, вели уредникот на Данас.

Според новинарот на Дојче Веле, Немања Рујевиќ Тамара не „промовира луксузен живот во сиромашна Србија“, туку таа само го живее.

„Погледнете ги јакните, чевлите и винарските визби на Вучиќ, црните фондови на владејачката партија, погледнете го имотот на министерот Мали, видете каде угледните функционери ги школуваат своите деца иако во имотната книшка немаат ништо друго освен илјада евра плата. погледнете го возниот парк што го имаат кумовите на Вучиќ и таканаречените матни бизнисмени - тоа е вистинска кражба и навреда за сиромашните во Србија“, забележува Рујевиќ за N1.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ ПЕСКОВ ЗА БУГАРСКИОТ ПОТЕГ: „Тоа е апсурден и глупав став“

СЕ ОГЛАСИ ПЕСКОВ ЗА БУГАРСКИОТ ПОТЕГ: „Тоа е апсурден и глупав став“

БУГАРИЈА НЕМАЛА БИЛАТЕРАЛЕН ПРОБЛЕМ СО МАКЕДОНИЈА: Требале да се исполнат европските вредности

БУГАРИЈА НЕМАЛА БИЛАТЕРАЛЕН ПРОБЛЕМ СО МАКЕДОНИЈА: Требале да се исполнат европските вредности

БУГАРИЈА СЕПАК НЕ ГО ПУШТИ АВИОНОТ НА ЛАВРОВ: Причината е Захарова

БУГАРИЈА СЕПАК НЕ ГО ПУШТИ АВИОНОТ НА ЛАВРОВ: Причината е Захарова

Србија ја купи наредбата на Хитлер за напад на Кралството Југославија

Србија ја купи наредбата на Хитлер за напад на Кралството Југославија

(ВИДЕО) ЧАДНИ БОМБИ И СОЛЗАВЕЦ: Ветераните на ОВК се против Специјален суд

(ВИДЕО) ЧАДНИ БОМБИ И СОЛЗАВЕЦ: Ветераните на ОВК се против Специјален суд

ГРЧКО ВЕТО ЗА АЛБАНИЈА: Атина има услов за Тирана

ГРЧКО ВЕТО ЗА АЛБАНИЈА: Атина има услов за Тирана

НАЈСТАРАТА ЌЕРКА НА ВАНЃЕЛ ТАВО ЗАГИНА НА АВТОПАТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА - Поранешниот министер на Албанија со трогателна објава

НАЈСТАРАТА ЌЕРКА НА ВАНЃЕЛ ТАВО ЗАГИНА НА АВТОПАТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА - Поранешниот министер на Албанија со трогателна објава

ЦРТЕЖИТЕ НА КОСТА СЕ МРАЧНИ И МОРБИДНИ: Психолозите преку нив го дефинираат момчето

ЦРТЕЖИТЕ НА КОСТА СЕ МРАЧНИ И МОРБИДНИ: Психолозите преку нив го дефинираат момчето

АВИОН НА „ЕР СРБИЈА“ ВРАТЕН ОД СКОПЈЕ: Еве кои се причините

АВИОН НА „ЕР СРБИЈА“ ВРАТЕН ОД СКОПЈЕ: Еве кои се причините