Први ефекти од бугарските протести: Властите ги чешлаат електродистрибутивните компании
Објавено во: Балкан 18 Февруари, 2013 18:58
Бугарските власти влегоа во регионалната електродистрибутивна компанија, во сопственост на чешкиот ЧЕЗ, со цел да проверат дали има неправилности во работата на компанијата, јавија бугарските медиуми. Иако чешката компанија тврди дека работи согласно законот и обвинува дека контролите се политички мотивирани, ако надлежните откријат дека има проблеми, можно е одземање на лиценцата за работа во Бугарија.
Претходно Чез ја загуби лиценцата за дистрибуција на електрична енергија во Албанија. Бугарските власти ја контролираат и работата во дистрибутивното претпријатие во сопственост на чешката фирма „Енерго-Про“ и „австриската ЕВН“. Сите три дистрибутери се на удар на критикита поради високите јануарски сметки за струја, против кои илјадници Бугари протестираа изминатите денови. „Доколку се покаже дека дистрибутерите работеле спротивно на условите во лиценцата, ќе се покрене процес за одезмање на истите“, изјави министерот за правда и енергетика Дељан Добрев.Тој истовремено ја исклучи можноста Владата да ги национализира дистрибутивните претпријатија, што беше споменувано изминатите денови и појасни дека за покренување на процесот за одземање на лиценца на ЧЕЗ, треба да се одлучува следните денови. Во дистрибутивните компании „Енерго-Про“ и „ЕВН“ контролата почна денеска, па резултатите ќе треба да се почекаат 20-тина дена.
Бугарија ја тресе бран протести поради високите сметки за струја
Протестите низ цела Бугарија траат повеќе од една недела, а граѓаните се незадоволни поради тоа што во јануарските сметки ставките за сервис и дистрибуција биле за околу 120 отсто повисоки од ставките за потрошена струја. Тие бараат национализација на дистрибутивните мрежи, а дел од демонстрантите и оставка на Владата која сметаат дека е виновна за ваквиот развој на настаните. Само во Софија вчера околу 3 илјади лица излегоа пред Парламентот и министерствата за економија и енергетика носејќи слогани „Струја+Невработеност=Геноцид“ и извикувааа „Мафија“ и „Поднесете оставки“. Протести истовремено се одвиваа и во десетина други градови, меѓу кои и Варна каде што околу 5 илјади демонстриранти протестираа пред зградата на електродистрибуција.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





