Првична прогноза на резултатите од изборите во Грција: Нова Демократија на прво, СИРИЗА на второ место
Објавено во: Балкан 21 Мај, 2023 19:10
Вистински конгломерат од првичните прогнози за исходот на парламентарните избори во Грција по завршувањето на гласањето. Нова демократија на првата, СИРИЗА на втората, ПАСОК -Движење на промена на третата позиција е резултатот од објавените exit poll, односно процените за изборниот резултат од агенциите за рејтинг во Грција, во соработка со грчките телевизии, јави дописничката на МИА од Атина.
.Резултатите од 80 отсто преброени exit poll за приватните телевизии се дека секоја од партиите би добила: Нова демократија од 36 до 40 отсто, СИРИЗА од 25 до 29 отсто, ПАСОК - Движење на промена од 9,50 до 12,50 отсто, Комунистичка партија на Грција од 6 до 8 отсто, Грчко решение од 3,50 до 5,50 отсто, МЕРА25 2,50 до 4,50 отсто
Според истото мерење, проценката е дека Нова демократија не добива доволен број пратеници за еднопартиска влада. Сепак, станува збор за проценки на агенциите за рејтинг, а не за официјални резултати.
Приватните телевизии Мега, Скај, Стар, Антена, Алфа и Open, Action24 и државната ЕРТ, веднаш по затворањето на гласачките места, точно во 19 часот по локално време, објавија заеднички exit polls во соработка со агенциите „Pulse“, „MRB“, „MARC“„Metron analysis“„ GPO“ и „ALCO“
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




