17 Декември, 2025
0.0787

ПРВИЧНИ РЕЗУЛТАТИ: Ердоган победува на претседателските избори во првиот круг

Објавено во: Балкан 10 Август, 2014 19:37

Добивај вести на Viber

Досегашниот турски премиер Реџеп Тајип Ердоган, според прелиминарните резултати, ќе однесе победа уште во првиот круг на денешните претседателски избори во Турција. На преброени 48% од гласовите, Ердоган освоил 56%. Неговите противкандидати имаат далеку помалку - поранешниот шеф на Организација исламска конференција и заеднички претставник на опозицијата Екмеледин Ихсаноглу освоил 35,6%, а кандидатот на прокурдската Народно-демократска партија Селахатин Демирташ - 8,4% од гласовите. Ердоган, кој важеше за фаворит и пред изборите, при гласањето во Истанбул изјави дека „народот носи важна одлука за турската демократија и за иднината на земјата“. За да победи во првиот круг еден од кандидатите треба да да освои апсолутно мнозинство, односно 50% плус еден глас од вкупно запишаните во избирачкиот список. Право на глас на денешните избори имаа 52,9 милиони турски граѓани од вкупната популација од 76 милиони во Турција. Гласале меѓу 70 и 75 отсто од гласачите запишани во избирачкиот список. Шефот на државата за првпат се избираше на директни избори, бидејќи од 1923 година досега тоа го правеше Парламентот. Ако ниту еден од кандидатите не освои апсолутно мнозинство, вториот круг од изборите ќе се одржи на 24 август. Но, Ердоган веќе за вечерва испланира победничко обраќање пред турскиот народ од терасата на својата владејачка Партија на правдата и развојот во Анкара. Неговиот главен ривал Ихсаноглу ја оцени изборната кампања како нефер и непропорционална, алудирајќи на скапото предизборно претставување на актуелниот турски премиер. Сепак, и Ихсаноглу изјави дека е уверен во својата победа, очекувајќи неопределените гласачки да го изберат него за претседател.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни