ПРВИОТ ЧОВЕК НА JP MORGAN CHASE, ЏЕЈМИ ДИМОН ПРВ ПАТ ПРОДАДЕ АКЦИИ: Вредноста надминува 100 милиони долари
Објавено во: Економија 26 Февруари, 2024
Извршниот директор на најголемата американска банка JP
Morgan Chase, Џејми Димон, ги
продаде акциите на банката во вредност од 150 милиони долари, според
поднесеното барање до Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC), додека
неговата сопруга, Џудит Кент, ги продаде своите акции за 25 милиони долари, објави Financial News.
Ова е прв пат Димон да продаде акциите на JPMorgan Chase откако ја презеде функцијата извршен директор во 2005 година, пренесува Reuters.
Димон и неговото семејство имаат намера да продадат еден милион акции од вкупно 8,6 милиони акции што ги поседуваат.
Извршниот директор на JP Morgan Chase досега продаде 821.778 акции на банката. Пазарната вредност на најголемата американска банка моментално изнесува околу 527 милијарди долари.
JP Morgan Chase неодамна му исплати на Димон плата за 2023 година во износ од 36 милиони долари, објавија медиумите.
ФОТО: EPA-EFE/Chris Ratcliffe