26 Ноември, 2024
0.0255

ПРВИОТ ФИНАНСИЕР ФАТМИР БЕСИМИ СЕ НАЈДЕ НА ЛИСТАТА НА ТОП 50 НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛУЃЕ ОД РЕГИОНОТ - тој е единствениот политичар од државава на списокот

Објавено во: Економија 01 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Според рангирањето на Блумберг Адриа, министерот за финансии Фатмир Бесими е единствениот политичар од државава кој се најде на листата Топ 50 највлијателни луѓе во регионот. 

Номинацијата за да се најде на овој список всушност му ја донесе издавањето на граѓански обврзници. 

Како што е познато, Министерството за финансии токму под раководната палка на Бесими, на два пати организираше аукции на двегодишни граѓански обврзници, преку кои граѓаните во оваа државна хартија од вредност која е многу сигурна и исплатлива, вложија околу 40 милиони евра. 

Исто така, Бесими беше иницијатор и за издадените зелени обврзници, но и структурни обврзници, со кои на неколку општини им се помогна да ги подмират своите достасани обврски. 

 „Сите овие инструменти се вистинско освежување на македонскиот пазар на хартии од вредност, кој досега беше доста монотон. Со издавањето на граѓанските обврзници, македонското Министерство за финансии беше пример и за некои поразвиени пазари на капитал од регионот што не се вклучија во проширување на понудата за граѓаните. Фатмир Бесими затоа ја прими Годишната награда за придонес во областа на едукацијата и развојот на пазарот на хартии од вредност, која на Министерството за финансии му ја додели Македонската берза, се наведува во образложението на „Блумберг Адрија“ .

„Ние во Блумберг Адрија на развојот на финансиските пазари во регионот гледаме со посебно внимание, тоа е исклучително важно прашање, кое е дел од севкупниот развој на земјите. Затоа секоја новина е за поздравување и во иднина очекуваме нов квалитет во секоја економска област во земјава. Ние сме овде да работиме економијата и финансиите да бидат клучна тема за дебата“, изјавила за Сител Александра Томиќ, главна уредничка на „Блумберг Адрија“ дигитал. 

Всушност, секоја од регионалните дирекции на Блумберг Адриа, односно српската, хрватската, словенечката, босанската и македонската - номинирале свои кандидати во пет категории: бизнис, финансии, технологија и наука, спорт, забава, или вкупно над 140 кандидати. Потоа се гласало, и на листата Топ 50 се нашле номинираните со најмногу гласови меѓу сите редакции. 

На листата, покрај министерот Бесими, се нашле уште девет успешни Македонци, кои имаат посебни достигнувања во својата област. 

Како штѕо пишуваат од Блумберг, секторот што најдобро ја искористи својата позиција во тие услови е секако банкарскиот сектор. 

„Банките во регионот Адрија беа најголеми добитници минатата година, додавајќи неверојатни профити во своите биланси. Заедно со банкарите, едно од централните места на листата Топ 50 највлијателни луѓе од регионот Адрија, која се составува втора година по ред, зазедоа и деловните луѓе што не бараа изговор во геополитичките или други околности и постигна забележителни резултати. Има и политичари што сигурно ќе ја обликуваат бизнис-климата во 2024 година, бидејќи практично во сите земји од регионот се одржуваат избори“, велат оттаму. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија