Првиот тунел готов за седум месеци, интензивно се гради автопатот Демир Капија – Смоквица
Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2013 20:40
Интензивно се гради автопатската делница Демир Капија – Смоквица. Засега, посочуваат надлежните очекувањата се надминатио и место планираните 7,9 проценти, реализирани се над 11 проценти. Сега се пробиваат тунелските цевки од првиот тунел долг 1 километар, кој треба да биде завршен за седум месеци. Како што изјави денеска премиерот Никола Груевски, се работи за сериозна инвестиција вредна околу 220 милиони евра.
„Досега се исплатени околу 24 милиони евра, а до крајот на годината ќе бидат исплатени околу 55 милиони евра. Следната година се планира да бидат инвестирани дополнителни 55 милиони евра и година подоцна околу 60 милиони евра и преостанатиот дел во првите осум месеци од 2016 година кога треба да заврши изградбата на овој автопат, изјави Премиерот.
Планирано е да се гради уште еден тунел и шест мостови. Со завршувањето на оваа делница ќе биде завршен и целиот автопат кој почнува од границата од Србија па до границата со Грција. Делницата Демир Капија – Смоквица е автопатско решение со по две ленти, секоја од нив со ширина од 3,5 метри. Ќе има и две клучки кон населеното место Миравци и Смоквица.
Изградбата на автопатот, чиј изведувач е грчката фирма „Актор“, започна пред девет месеци. Вкупната инвестиција е 257 милиони евра од кои 130 милиони се од Европската инвестициска банка, 45 се ИПА гранд од ЕУ, 170 милиони од Европската банка за обнова и развој и шест милиони евра се од Буџетот на Република Македонија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





