Прво да помине кинеската Нова година, а потоа вакцините тргнуваат за Македонија, најави Заев
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 12 Февруари, 2021
Да помине кинеската Нова година на 18 февруари и ќе тргнат вакцините, вели премиерот Зоран Заев.
Вели дека 200-те илјади вакцини од кинексата „Синофарм“ ќе стигнат во Македонија по завршувањето на кинеската Нова година.
„До крајот на месецов вакцината ќе стигне во земјава. За вакцините од „Фајзер“ кои требаше да ги добиеме од пријателска Србија, најпрво проблем се појави бидејќи производителот не дозволуваше да се препродаваат. Потоа договоривме да ни ја дадат како донација, вредноста е некаде околу 60.000 евра, ние после ќе се раздолжевме некако, но и тоа не беше дозволено. Работиме да се реши овој проблем, вратиме кај производителот сите, јас, премиерката Ана Брнабиќ и претседателот Александар Вучиќ. Во прашање се денови или часови за да ја добиеме дозволата“, изјави Заев
Тој објасни дека Владата денеска го врши плаќањето за дозите, а тие ќе пристигнат по 18 февруари.Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.596 тестирања, а регистрирани се 367 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 167, Прилеп – 37, Кавадарци – 33, Охрид – 17, Велес – 15, Куманово и Тетово - по 14, Гостивар и Неготино - по 12, Штип и Гевгелија - по 7, Битола – 6, Струга и Кратово по - 4, Струмица и Ресен – по 3, Кочани, Делчево, Пробиштип и Крушево – по 2, Кичево, Крива Паланка, Берово и Валандово – по 1.foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.