05 Декември, 2025
0.0653

Прво магистралата Тетово – Јажинце, потоа автопати низ цела Македонија?

Објавено во: Македонија 19 Септември, 2013 20:29

Добивај вести на Viber

За два месеца треба да заврши обновата на магистралниот па Тетово – граничен премин Јажинце, соопшти министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески кој заедно со својот заменик Џелал Бајрами, директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски и градоначалниците на општините Јегуновце и Теарце, беа на проверка кај селото Вратница , за да видат колку и како се гради овој пат.

Според министерот,  владата дала пари за оваа делница бидејќи е една од најфреквентните во земјава,а инвестицијата чини околу 2 милиони евра. Министерот најави дека следната година ќе има големи инфраструктурни зафати во Македонија, за кои веќе се најдени пари.

„Од големите инфраструктурни проекти веќе се одобрени средства и во финална фаза е доставување закон за патните правци Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. Тоа се големи патни инфраструктурни проекти што се дел од нашата програма и очекувам многу скоро да почне изградбата на овие важни патни делници. Во финална фаза е изборот на градежна компанија за изградба на првата делница од коридорот 8, во текот на октомври ќе ги добиеме понудите и очекувам дека до крајот на годината ќе склучиме договор и со избраната градежна компанија за изградба на делницата од Куманово до Бељаковце. Како што кажа премиерот вчера очекуваме понуда од Стројтрамгас како потврдена компанија од Руската федерација за реализација на клириншкиот долг од 60 милиони долари,“, рече  Јанакиески.

Како што информираше директорот на агенцијата за државни патишта, Љупчо Герогиевски, треба да се обноват вкупно 16 километри од патот Тетово-Јажинце. Во однос пак на обновата на стариот пат Тетово-Гостивар каде работите се стигнати до половина, рече дека за оваа година парите се пшотрошени, па остатокот, од Боговиње до Гостивар, ќе се обновува до година.

Вчера и премиерот Никола Груевски во својот двочасовен говор, петнаесетина минути потроши за да ги информира бизнисмените за новите патишта. Како што изјави тој, со кредити поголем од половина милијарда евра, започнува изградбата на две патни магистрали, патот Скопје-Свети Николе- Штип и патот Кичево – Охрид.

Според владиниот план, догодина  патот од Куманово до Крива Паланка кој е со вредност од 400 милиони евра  и е проценет со најмала фреквентност со возила од сите патишта, ќе биде реконструиран и проширен, за што допрва ќе се изработи проект.Како неуспешен проект беше посочен обидот да се најде концесионер за патниот Коридор 8.

Од досега сработеното, заклучно со 2012 та година изградени и рехабилитирани се вкупно 190 локални патишта во должина од 412 километри во вредност од околу 30 милиони евра. Во моментов е почната иградба и реконструкција на 105 локални патишта во вредност од 20 милиони евра. Изградени и рехабилитирани се 15 регионални патишта во должина од 318 километри и вредност од околу 50 милиони евра а други 70 регионални патни правци во моментов се реконструираат.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите