19 Декември, 2025
0.0420

Прво опомена, па казна: АЕК ќе ги дисциплинира операторите со слаба мрежа

Објавено во: Економија 17 Мај, 2013 20:30

Добивај вести на Viber

Од понеделник стигнуваат опомените од Агенцијата за електронски комуникации )АЕК до сите мобилните опертори кои понудиле слаб квалитет на мрежите. Според директорот на АЕК Роберт Орданоски, опомени ќе има за сите оператори што не исполниле  минимални критериуми за квалитет, по што ако не си ја поправат грешката ќе следат казни.

Од АЕК информираа дека квалитетот се утврдува врз основа на пет главни параметри:  достапност на мрежа од најмалку 99,5 проценти, број на пропаднати повици помалку од 2 проценти, број на успешно  воспоставени повици од 99,9 проценти, брзина на проток од над 1 мегабит во секунда во 3 Г мрежата. Која мрежа е најдобра?!

Орданоски на денешната прес конференција соопшти дел од анализите. Оттука извештајот од мерењата во 2Г мрежата, покажал дека сигналот на Т-Мобиле е добар  со (91,4 проценти), прифатлив (7,72 проценти), лош (0,34 проценти), неприфатлив (0 проценти). Кај ОНЕ  е регистриран добар сигнал кај (90,3 проценти), прифатлив (8,9 проценти),  лош (1,06 проценти), а неприфатлив  (0 проценти). Кај ВИП  добар сигнал е измерен кај (81,23)  проценти, прифатлив (16,44 проценти), лош (2,33 проценти), а неприфатлив 0 проценти.

Кај 3Г мрежата Т-Мобиле има  (66,61 процент)  добар сигнал, (22,36 проценти) прифатлив, (9,62 проценти) лош, а (1,41 процент) неприфатлив. ВИП има добар сигнал  од (87,89 проценти), (9,4 проценти) прифатлив, (2,5 проценти) лош, а (0,58  проценти) неприфатлив. ОНЕ има (82,38 проценти)  добар сигнал, (14,2 проценти) прифатлив, (3,22  проценти) лош и 0,14 проценти неприфатлив.

Од 298 повици на Т-Мобиле Македонија  успешни се сите, кај ОНЕ од 293 неуспешни биле 0,34 проценти, а кај ВИП од 286 повици регистрирани се 2,10 проценти неуспешни. Ниту еден „паднат“ повик од анализираните немале Т-Мобиле и ВИП, а кај ОНЕ тоа било случај во 0,34 проценти. Просечното време на воспоставување повик кај Т-Мобиле изнесува 3,19 секунди, кај ОНЕ 1,98 секунди, а кај ВИП 2,90  секунди.

Нови казни за операторите

Во новиот закон за електронски комуникации што се подготвува, Ордановски најави дека е планирано воведување мандатни казни затоа што досегашните не ја исполниле целта. Зависно од прекршокот, ќе зависи и висината на казната, најави тој и додаде дека во тек се постапки за над 30 прекршочни пријави од АЕК кон операторите каде казните изнесуваат 7 до 10% од годишниот приход.

Тој информираше и дека се надева оти ќе профункционира иницијативата на АЕК за пад на цената на роамингот, за почеток во регионот. Развојот на електронските комуникации во наредниот период во Македонија ќе треба да биде насочен кон инвестиции во мрежите за да се постигне повисок приход од дата базирани сервиси, рече Орданоски.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар