Првото бебе родено во 2023 доби златник од Сали и Тренчевска
Објавено во: Македонија 01 Јануари, 2023
На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00:01 часот се роди првото бебе во 2023 година. Бебето е машко, тешко 3720 грама и долго 51 сантиметар.
Претпладнево беа во посета министерот за здравство Беким Сали и министерката Јована Транчевска, министерка за труд и социјална политика, кои им посакаа здравје и се најдобро на бебето и мајката.
Мајката на бебето е 22-годишната Стојанка Панајотова од кочанското село Соколарци и тоа е нејзиното прво дете.
Мајката и бебето, традиционално, добија на подарок златник. Пред медиумите беше кажано дека мајката поради предпородилни компликации морало да биде префрлена од Кочани во Скопје.
Директорката на ГАК Викторија Јовановска соопшти дека породувањето за првото бебе е направено со царски рез. – Една минута после 12 се породи пацинетка и донесе на свет живо и здраво мако детенце, тешко 3.720 грама со 51 сантиметар. Мајката е првородка со повеќе ризици препратена тука од Кочани на клиника и е завршена со царски рез. После 12 часот се родија уште три бебиња и имаме две машки и две женски, изјави Јовановска.