Првпат во Македонија: Ласерска интервенција за аблација на варикозни вени достапна за пациентите
Објавено во: Мои пари 13 Септември, 2025 13:53
Во Македонија од денеска е достапен третман кој претставува вистинскинапредок во понудата на медицински услуги – ласерска интервенција за аблација на варикозни вени. Станува збор за најсовремена технологија која овозможува минимално инвазивен пристап и поставува нови стандарди во третманот на ова често здравствено заболување. Целата интервенција во процедурата за аблација на варикозни вени се изведува со ласер BioLitec и овозможува порамномерно и нежно третирање на варикозни вени.
Првите интервенции со овој апаратво поликлиниката Вита С во Скопје ги изведе Прим. д-р Игор Костов, субспецијалист васкуларен хирург, лекар со долгогодишно искуство во областа на васкуларната хирургија а во иднина ќе ги изведува и доц. д-р Никола Граматниковски. Со оваа врвна технологија, пациентите добиваат безбедна и прецизна интервенција која во најголем број случаи се изведува амбулантски, со минимална болка и со извонредни резултати.
Ласерската аблација претставува врв на современото третирањена варикозни вени. Наместо класичен хируршки засек и долга хоспитализација, новата технологија овозможува затворање на заболениот крвен сад со ласерски зрак, што значително го намалува ризикот од компликации и обезбедува побрзо враќање кон секојдневните активности. За пациентите тоа значи не само подобрување на здравјето, туку и подобар квалитет на живот, без големи лузни, без долг период на опоравување и со видливи естетски придобивки.
Досега, македонските пациенти беа приморани да патуваат во Белград, Словенија или Турција за да добијат ваков вид интервенција. Со воведувањето на апаратот на компанијата Biolitec, Македонија за првпат станува дел од европската медицинска мапа каде се изведуваовој третман. Тоа значи огромно олеснување и за пациентите и за нивните семејства – пристап до квалитетна здравствена услуга дома, без дополнителни финансиски и логистички трошоци.
Со воведувањето на овој апарат, македонското здравство прави значаен исчекор кон модернизација и усогласување со светските медицински трендови. Пациентите конечно имаат можност да добијат третман по највисоки стандарди на светската медицина, овде, во сопствената земја.
ПР Објава
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





