„ПУЦКО ПЕТРОЛ“ ИЗБИ НА ТРЕТО МЕСТО ПО НАПЛАТА НА ДРЖАВНИ ПАРИ ВО МАРТ - значајни суми се префрлаат и во април
Објавено во: Економија 15 Април, 2022 07:37
Нафтената дистрибутивна компанија „Пуцко петрол“, во март избила на трето место според добиените наплати од државните органи и институции, како и воопшто од јавниот сектор.
Само во март „Пуцко петрол“ добила вкупни исплати од 1,26 милиони евра, говорат податоците на владиниот портал Отворени финансии, кој треба да ја зголеми транспарентноста и отчетноста на јавниот сектор за трошењето на народните пари.
Инаку, „Пуцко петрол“ во март доаѓа на трето место, после турската компанија „Серка“, како и Јавното сообраќајно претпоријатие на Град Скопје.
На прво место, според големината на исплатите, е компанијата од Турција „Серка“, која ја гради „Брана Конско“, значаен капитален проект во гевгелиско, а која, како што веќе пишуваше Фактор, добиола само во март исплати од 3,1 милиони евра.
По „Серка“, најголем примател на пари во март, следува ЈСП, со добиени вкупни исплати од 2,4 милиони евра.
После „Пуцко Петрол“, пак, Јавното претпријатие МРТ во март на својата сметка добило вкупни исплати од 1,26 милиони евра, додека, петтиот најголоем примател на државни пари е ЕВН, за испорачана струја, или 1,18 милиони евра.
Исплатите кон „Пуцко петрол“ продолжиле и во април. Голем број исплати има во првата полопвина од овој месец кон нафтениот дистрибутер.
Најголемата исплата во април кон „Пуцко петрол“ се случила на 6 овој месец, кога од една битолска образовна установа на компанијата и биле платени близу 18 илјади евра, додека пак, во истиот ден Министерството за внатрешни работи на „Пуцко петрол“ му исплатило околу 14 илјади евра.
Прилепско основно училиште, пак, на 8 април на нафтената компанија и исплатило нешто повеќе од 12 илјади евра, додека, пак, друго основно училиште од истиот град на компанијата за снабдување со мазут за греење палтило нешто повеќе од 10.000 евра.
Порталот Отворени финансии покажува значајни исплати кон „Пуцко петрол“ кои се во висина меѓу 9 и 10 илјади евра, но се во голем број, така што прават голема заедничка сума.
Наплати имало од основни училишта, од образовни установи, Министерството за одбрана, Затвор Скопје, општина Кичево, и други.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




