16 Мај, 2024
0.0313

ПУЏДЕМОН РЕШИТЕЛЕН: Следните денови Каталонија прогласува независност

Објавено во: Свет 04 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Идните неколку дена ќе бидат клучни за судбината на Каталонија. 

Претседателот на Каталонија, Карлес Пуџдемон во интервју за Би-Би-Си изјави дека Каталонија ќе прогласи независност во следните неколку денови. Тој вели дека за сега нема контакти помеѓу неговата администрација и централната Влада во Мадрид.

„Владата ќе дејствува на крајот на оваа недела или на почетокот на следната седмица“ - рече Пуџдемон. 

Тој нагласи дека ако Мадрид се обиде да интервенира и да ја стави под контрола каталонската Влада тоа ќе биде „грешка што ќе смени се“.

Претходно шпанскиот крал Фелипе нагласи дека актуелната ситуација во Каталонија е „многу сериозна“ и дека  каталонските лидери ги прекршиле законите на земјата и покажале „недозволиво отсуство на лојалност“.

Тој исто така, констатираше дека „неодговорното однесување“ на каталонските лидери може да ја изложи на ризик економската стабилност на земјата. 

Во цела Каталонија вчера имаше протести поради полициското насилство за време на забранетиот референдум за независност. 

Се бара Европска унија да интервенира во спорот помеѓу каталонските лидери и  властите во Мадрид.

Во меѓувреме се отвораат прашањата за уште неколку области во Европа кои можат да побараат самостојност и да доведат до промена на границите. 

Можеби ќе ве интересира

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

АТЕНТАТОТ НА ФИЦО: Што знаеме досега?

АТЕНТАТОТ НА ФИЦО: Што знаеме досега?

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател