ПУКАЊЕ КАЈ АЕРОДРОМОТ: ЗАПАД ПРИЗНАВА ДЕКА НЕМА ДА МОЖЕ ДА ГИ ИЗВЛЕЧЕ СИТЕ - состојбата во Кабул е драматична
Објавено во: Свет 24 Август, 2021 13:55
Ситуацијата на аеродромот во Кабул не се смирува, а во исто време расте бројот на држави кои предупредуваат дека нема да можат да ги извлечат од Авганистан сите оние кои сакаат да избегаат од Талибанците.
Колоната автомобили на патот кон аеродромот во Кабул е долга цели три километри, јавува дописникот на Би -Би -Си, Малик Мудасир.
„Кога се приближивме до аеродромот, звуците на пукотници стануваа се погласни“, рече Малик.
Кога новинарскиот тим на Би -Би -Си се обиде да разговара со луѓето собрани пред аеродромот, вооружените авганистански војници строго им рекоа веднаш да се оддалечат.
„Војниците беа многу лути. Имаа нешто како камшик во рацете, дури и не удрија неколку пати. На крајот, ги проверија нашите новинарски картички и не пуштија", рече Малик.
Само четири авиони денеска полетаа од аеродромот во Кабул, а еден пакистански лет беше откажан. Се уште не е познато зошто.
„Оние што се обидуваат да заминат се семејствата на Авганистанците кои на еден или друг начин работеле со странци, како преведувачи или во медиумите. На нивните лица може да се види тага, како некој насилно да ги протера од нивната татковина“, рече Малик.
Британскиот министер за одбрана Бен Валас во интервју за Би -Би -Си призна дека нема да може да ги извади сите оние што би сакал од аеродромот во Кабул.
„Во последните 24 часа, извлековме 2.000 луѓе, или 10.000 луѓе од април. Фокусирани сме да извлечеме што е можно повеќе луѓе", рече Валас.
Извор и фото: Индекс.хр
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро
Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат





