ПУКНА БРАНАТА НА РЕКАТА РУР ВО ГЕРМАНИЈА: Прогласен е воен аларм за катастрофа, спасувачките екипи наоѓаат мртви во подрумите
Објавено во: Свет 17 Јули, 2021 11:12
Ситуацијата во
северозападна Германија, во областите кои беа сериозно погодени од невремето -
сè уште е крајно опасна и алармантна. Властите генерално се воздржани во
однос на вкупниот број на исчезнати лица. Бидејќи мобилната мрежа и
телефонските линии се прекинати, нема начин да се следат контактите преку телефон. Инфраструктурата - патишта,
железници, гасоводи – е целосно
или делумно уништена. Од вчера
повеќе од 100.000 луѓе сè уште беа без струја, известува Дојче Веле.
Бројот на познати смртни случаи се искачи на најмалку 135, додека илјадници сè уште се водат за исчезнати. Спасувачките екипи постојано ги наоѓаат мртвите во подрумите на куќите.
Драматични сцени има во Ерфштат, јужно од Келн. Реката Ерфт поплави широка област и доведе до целосен или делумен колапс на многу куќи. Има страшна ерозија на почвата. Властите веруваат дека има голем број мртви, но не можат да дадат прецизни податоци за бројот на жртвите.
Германското Министерство за одбрана прогласи воен аларм катастрофа. Повеќе од 850 војници се ангажирани во обезбедување помош и нивниот број постојано се зголемува.
Поради невремето и поплавите, пукна браната на реката Рур во Опхофен, во областа Хајнсберг. Според информациите на јавниот сервис WDR, спасувачките екипи минатата ноќ евакуирале 700 жители.
Можеби ќе ве интересира
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат




