27 Ноември, 2024
0.0285

Пуштена во употреба мала хидроелектрана на Брестјанска Река

Објавено во: Македонија 26 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Во работна посета на општина Липково денеска беше министерот за економија Ваљон Сараќини , каде ја пушти во употреба  малата хидроелектрана на Брестјанска река, која ја изгради компанијата „ЕМК Мали хидроелектрани“ ДООЕЛ Скопје, со која Министерството има потпишано вкупно 18 договори за концесија за вода за изградба на мали хидроелектрични централи. - Во општина Липково, овој концесионер ја изгради малата хидроелектрична централа на водотекот на реката Брестјанска, со вкупен инсталиран капацитет кој изнесува 607 киловати, при што очекуваното годишно производство е проценето на околу 2.500 мегават часови, а големината на  инвестицијата за оваа електрана е околу 1,6 милиони евра, изјави Сараќини.

Тој додаде дека согласно обврската од Договорот за концесијата, концесионерот ќе уплаќа годишен надоместок за концесија во висина од 2 отсто од остварениот приход од продадената електрична енергија, од кој почнувајќи од 2016 година 1 отсто од остварениот приход ќе одат во буџетот на општина Липково.

Во насока на економскиот и регионалниот развој, Министерството за економија потпиша и еден Договор за концесија за вода, за изградба на мала хидроцентрала на реката Гошинци, исто така во општина Липково, со компанијата Сол Хидропауер ДООЕЛ Скопје, со вкупен инсталиран капацитет од 2 мегавати, очекувано годишно производство од околу 7.000 мегават часови, и предвидена инвестиција од околу 3 милиони евра.

- Со изградбата на овие две мали хидроелектрични централи во општина Липково ќе се инвестираат околу 4,6 милиони евра. Градежните активности во кои спаѓа околу 70 отсто од инвестицијата се реализираат со домашните локални компании со што се бележи заживување на локалната економија. Секако, очекуваме и нови вработувања, како во фазата на изградба на малите хидроцентрали, така и во фазата на одржување, кога ќе бидат ставени во функција, истакна Сарачини.

Садула Дураку, градоначалникот на општина Липково, истакна дека за прв пат се инвестира во реални  проекти во општината кои вредат над 4,6 милиони евра, притоа упатувајќи благодарност до Министерството за економија и инвеститорот.

- Имаме прекрасна природа, хидрологија и голем капацитет за инвестиции во оваа област, што докажува дека Липково е безбедна општина за инвестиции, а добродојдени се и други инвеститори, истакна градоначалникот.

Инвеститорот на хидроцентралата на Брестјанска Река, Данило Фрас рече дека хидорецентралата е изградена во рекордно време.

- Може да им честитам на сите за брзо завршената процедура, што не е случај во останатите држави во регионот, каде што, исто така, инвестираме во мали хидроцентрали, за што сме специјализирани. Многу сме задоволни од соработката со Министерството за економија и општината Липково и слободно можам да кажам дека ова е најдобар пример за соработка помеѓу инвеститорот, локалната власт и централната власт во поглед на реализација на еден проект, нагласи Фрас.

Од вкупно 70 потпишани Договори за концесија за мали хидроелектрични централи со инсталиран капацитет од 60 мегавати и инвестиција која се проценува околу 120 милиони евра, во моментот изградени се вкупно 11 мали хидроелектрични централи кои веќе произведуваат електрична енергија. Во изградба се уште 20-тина кои се очекува да бидат пуштени во работа до крајот на годинава и на почетокот на 2014 година.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ЗА БАРАЊАТА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Oдлучиле да бидат заложници на луѓе кои живеат во средниот век, а не гледаат напред

МИЦКОСКИ ЗА БАРАЊАТА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Oдлучиле да бидат заложници на луѓе кои живеат во средниот век, а не гледаат напред

ЗА НЕКОЛКУ ЧАСА АПЛИЦИРАЛЕ ДЕСЕТТИНА КАНДИДАТИ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Работно место – проектен менаџер за осигурување

ЗА НЕКОЛКУ ЧАСА АПЛИЦИРАЛЕ ДЕСЕТТИНА КАНДИДАТИ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Работно место – проектен менаџер за осигурување

„НЕКОЈ ДА НЕ ГО МЕСТИ ФИЛИПЧЕ“?: Премиерот Мицкоски зачуден од неговите изјави за унгарскиот кредит

„НЕКОЈ ДА НЕ ГО МЕСТИ ФИЛИПЧЕ“?: Премиерот Мицкоски зачуден од неговите изјави за унгарскиот кредит

ОСТАНАЛ БЕЗ 12.000 ЕВРА: Охриѓанец e измамен со „шема“ со биткоин

ОСТАНАЛ БЕЗ 12.000 ЕВРА: Охриѓанец e измамен со „шема“ со биткоин

КОС НЕ МОЖЕ ДА ДАДЕ ГАРАНЦИИ: Очекува дека Македонија ќе направи уставни измени

КОС НЕ МОЖЕ ДА ДАДЕ ГАРАНЦИИ: Очекува дека Македонија ќе направи уставни измени

ДВА ЗЕМЈОТРЕСИ ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресоа два мали града

ДВА ЗЕМЈОТРЕСИ ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресоа два мали града

„ГО ЧЕКАМЕ ИСХОДОТ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ“: Филков за осудените Демири и Исмаиловиќ за петкратното убиство кај Смилковско езеро

„ГО ЧЕКАМЕ ИСХОДОТ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ“: Филков за осудените Демири и Исмаиловиќ за петкратното убиство кај Смилковско езеро

Телохранителот на Сашо Мијалков добил 50.000 евра отштета од државата

Телохранителот на Сашо Мијалков добил 50.000 евра отштета од државата

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство