05 Декември, 2025
0.0351

Пуштена во употреба реконструираната делница Катланово – Велес

Објавено во: Македонија 28 Декември, 2012 19:20

Добивај вести на Viber

Реконструираната делница Катланово - Велес во должина од 27 километри, дел од автопатот „Александар Велики“ денеска е пуштена во употреба.

Станува збор за инвестиција вредна 7,3 милиони евра, која ќе понуди поголема сигурност и побрза комуникација за граѓаните, а е дел од владиниот проект за модернизација на инфраструктурата во државата.

На пуштањето во употреба на делницата се обрати премиерот Никола Груевски кој подвлече дека патниот правец Катланово - Велес е еден од најкористените патишта во Македонија како дел од Коридорот 10, а кој последен пат е рехабилитиран 1985 година.

- Од тогаш па до денес поминати се 27 години во кои немало никакви посериозни интервенции на овој патен правец, а истиот беше целосно амортизиран. Дваесет и седум години во кои велешани, скопјани, штипјани, прилепчани, битолчани, струмичани и сите наши граѓани кои го користеа овој пат возеа по делница која се карактеризираше со дупки, со одрони, лоша сигнализација и други недостатоци. И не само нашите граѓани, по овој пат поминуваат и многу странски граѓани кои ја посетуваа нашата земја или транзитираа кон Грција или Србија, рече премиерот Груевски.

Тој најави дека се планира во текот на идната година рехабилитација и на другата автопатска делница од Велес кон Скопје која, рече, е исто така во лоша состојба и на која долго време не е интервенирано.

Премиерот посочи дека во меѓувреме се работи на проектот за изградба на автопатот Демир Капија - Смоквица кој претставува една од најголемите инфраструктурни инвестиции во последните 20 години во државата. Во тек се, додаде, и завршни активности за пуштање во сообраќај на делницата Радовиш - Струмица и патот кон ски-центарот Кожув.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески посочи дека на делницата Катланово - Велес е извршена обнова на асфалтот, поставена на современа хоризонтална сигнализација, изработени се целосно нови банкини, мрежа за заштита од одрони, а поставени се и повеќе од 230 знаци во вертикална сигнализација по целата должина на делницата.

Тој додаде дека во соработка со НАТО се реализира проект за рехабилитација и зацврстување на 13 мостови на овој дел од Коридорот 10, инвестиција од 8,6 милиони евра за што, вели, постапката за избор на изведувач е во тек, а градежните работи треба да отпочнат 2013 година.

- Обезбедени се средства од европските фондови за рехабилитација на патните делници по должината на Коридорот 10. Приоритет е даден на проектот за рехабилитација на делницата Велес - Катланово како дел од овој Коридор и ако се биде во ред реконструкцијата треба да започне во првата половина од 2013 година, рече Јанакиески.

Директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски истакна дека со Буџетот за 2013 година се планира да отпочне рехабилитација на регионалните патишта Струга - Дебар, Радовиш - Конче - Лувница, Ангелци - Вељуса - Водоча - Баница, Липково, Арачиново, Тетово, Јажинце и на Велес - Кадрифаково.

Градежните работи на делницата Катланово - Велес ги изврши АД „Гранит“, а траеја 16 месеци.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец