Добивај вести на Viber
Денеска во функција беа ставени десет нови бунари во месноста Бегова Ливада кои на Прилеп. Според најавите на надлежните, тие треба на граѓаните да им обезбедат дополнителни 120-тина литри вода во секунда во кризни ситуации.
Проектот е вреден околу 70 милиони денари информираа од Министерството за транспорт и врски. Оттаму уверуваат дека со бунарите заедно со цевководот и препумпната станица кои беа поставени во првите фази на проектот, ќе се реши проблемот со слабиот притисок на водата пред се во високите зони на градот за време на летните месеци.