05 Декември, 2025
0.0468

Путин бара да се зголеми потрошувачката на риба и морски плодови во Русија

Објавено во: Економија 29 Октомври, 2025 18:08

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на состанокот со членовите на руската влада на кој се дискутираше за развојот на рибарскиот сектор, нареди да се зголеми потрошувачката на риба и морски плодови во земјата.

На состанокот одржан преку видео обраќање, Путин рече дека eдно лице консумира околу 24 килограми риба годишно, пренесува РИА Новости.

„Во моментов, нивото на потрошувачка на риба и морски плодови во исхраната на општата популација заостанува зад нормата препорачана од нашето Министерство за здравство... Моментално имаме приближно 24 килограми по лице, треба да биде повеќе. Би сакал да го привлечам вниманието на сите колеги кои се вклучени во оваа работа на сите нивоа, ова е навистина многу важно системско прашање... Ве молам денес презентирајте конкретни предлози во оваа област“, ​​рече Путин.

Како што е најавено, извештаи за развојот на рибарскиот сектор во Русија ќе презентираат раководителот на Федералната агенција за рибарство, Илја Шестаков, и гувернерот на Камчатската област, Владимир Солодов.

foto EPA/ALEXEI NIKOLSKY / SPUTNIK / KREMLIN POOL

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања