Путин – човекот кој решава проблеми
Објавено во: Свет 17 Април, 2015 11:04
Путин - човекот под овој наслов британскиот Гардијан информира за вчерашната „Директна линија“ - од годишното медиумско обраќање, во кое рускиот претседател Владимир Путин одговараше на прашања кои му се поставуваат директно на етер.
Весникот истакнува дека Путин покажал „својствена издржливост“, како и дека “ако овие настапи на Путин имаат за цел да докажат едно нешто, тоа е дека какви и проблеми и да имаат обичните Руси, тој не е дел од нив, а е човекот кој може да ги реши“.
„Дејли телеграф“ забележува дека и покрај острата реторика на теми од надворешната политика при вчерашните изјави на рускиот претседател на „Директната линија“ била доминирана од стравувањата поврзани со внатрешни проблеми.
Американските весници „Вашингтон пост“, „Њујорк тајмс„ и „Волстрит журнал“ ги истакнуваат изјавите на Путин на економска тематика.
„Вашингтон пост“ коментира дека покажувајќи колку остри се економските тешкотии за Русија, Путин го има посветено поголемиот дел од дирекното обраќање на тоа да ја смири својата земја дека животот наскоро ќе се подобри после година д оконфронтација со Западот, а според весникот Путин вчера се стремеше да звучи самоуверено.
Повеќе економија, помалку Украина, ги резимира вчерашните изјави рускиот претседател весникот „Њујорк тајмс„, а „Волстрит журнал“ истакнува дека во нив имало оптимизам предвид неговите зборови, дека најлошото од економските проблеми за Русија е поради санкциите на Западот и ниските на цените на нафтата поминале.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




