29 Септември, 2024
0.0270

Путин ги губи парите и моќните околу себе

Објавено во: Анализа 15 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Најлошиот судир на Кремљ со Западот од распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година го забрза губењето на две од највредните нешта на Русија: пари и "мозоци". Анексијата на Крим од Владимир Путин и неговата поддршка за сепаратистите во источна Украина, обвинети во соборувањето на Малезискиот патнички авион, ги урна надежите на Западот за траен сојуз со Москва. Казнети од САД и Европската унија, опкружувањето на Путин е на нишан, руската економија е загрозена од изолација, а милиони Руси во целиот свет се прашуваат што следува. Русија се уште заработува преку нафтоводите кои носат нафта и гас за Западот, но за жал на Кремљ во иста насока му се движат и капиталот и талентите. Министерство за економија на Русија предвидува дека 100 милијарди долари се излезни оваа година од земјата, во споредба со 61 милијарди во 2013 година, но тоа изгледа оптимистички. Всушност, некои веруваат дека оваа бројка веќе е надмината. "Одливот на капитал изнесуваше меѓу 100 и 200 милијарди долари", изјави претседателот на САД Барак Обама на 6 август. Претседателот на Европската централна банка Марио Драги изјави во мај дека кризата предизвикала "многу значителни излезни струи од Русија, кои биле проценети од некои на 160 милијарди евра (214 милијарди долари)". Дури економистите од Факултетот за економија во Москва предвидуваат дека одливот би можел да достигне 130-150 милијарди долари оваа година. - И ќе станува полошо. Одливот на капитал ќе се забрзува. Руските пари ќе се насочуваат кон главните финансиски центри на Западна Европа - Лондон, Австрија, Швајцарија , изјави висок западен банкар. Истовремено приливот во спротивна насока речиси пресуши. "Не гледаме многу инвеститори кои почнуваат нов бизнис во Русија", изјави Обама. Активностите на Путин во Украина и одговорот на Западот предизвикаа немири во директорските одбори во Њујорк и Лондон. "Ако кажете во некоја сала за состаноци во моментов дека сакате да инвестирате една милијарда долари во Русија, тие ќе ве прогонуваат со потсмев", коментира висок западен банкар. Би можело исто така да има и внатрешно истекување на капиталот. Од времето на хаосот кој го придружуваше распаѓањето на СССР, Русите традиционално реагираат на несигурноста со купување долари. Неколку Руси тврдат дека сакаат да ја разменат рубљата во долари или евра или се обидуваат да ги пренесат парите во странство заради стравот од монетарна контрола, ако одливот на капитал се забрза премногу брзо. Вистинското ниво на паричните заштеди во готово не им е јасно дури и на централните банкари, но се смета дека десетици милијарди долари се собрале под душеците. Луѓето, исто така го следат патот на парите, бидејки не станува збор за олигарсите кои купуваат луксузни имоти или фудбалски клубови за забава. Бројот на руските емигранти во последните две години, откако Путин го започна новиот 6-годишен мнадат во мај 2012 година, е околу пет пати повисок отколку во двете години пред тоа, покажуваат официјалните податоци. Статистичката служба на Русија открива дека 186 382 граѓани емигрирале во 2013 година и 122 751 во 2012 година, во споредба со 36 774 во 2011 година и 33 578 во 2010 година. Вистинските бројки би можеле да бидат многу повисоки , бидејќи не можат да се фатат оние кои ја напуштаат земјата, но остануваат официјално регистрирани во Русија. "Гледаме зголемување на прашањата од богати Руси кои сакаат да имаат засолниште, ако работите се сменат во Русија", вели Супиндер Сиан, партнер во Squire Patton богс LLP. За тоа сведочи и генеологот Владимир Пејли, кој изјави дека има четири пати повеќе клиенти сега отколку минатата година, кои сакаат да ја пребараат семејната историја со единствена цел да добијат странско државјанство. "Тоа се луѓе кои веќе направија пари и сега им е страв да не ги загубат", посочува Пејли. "Ние ги губиме најобразованите, најактивните, повеќето претприемнички луѓе", истакнува Лев Гудков, директор на независниот московски социолошки центар Левада. K.K.