16 Декември, 2025
0.0532

Путин го ублажи тонот кон САД

Објавено во: Свет 18 Април, 2015 19:12

Добивај вести на Viber

Русија има важни заеднички интереси со САД и затоа треба да се работи со нив на оваа заедничка агенда, изјавил денес во телевизиско интервју рускиот претседател Владимир Путин.

Во своите коментари на државната телевизија „Русија“ Путин ја ублажил антиамериканската реторика и веќе не звучеше толку критично, забележуваат агенциите и потсетуваат дека односите меѓу Москва и Вашингтон, како и помеѓу Москва и другите западни земји се влошија поради конфликтот во Украина и достигнаа до најниско ниво.

„Имаме несогласувања по бројни меѓународни прашања. Но, во исто време имаме нешто што не обединува што нè тера да работиме заедно“, изјавил Путин во разговор со новинарот Сергеј Брилов.

„Имам предвид со заедничките напори да ja направиме светската економија подемократска и избалансирана, повеќе избалансирана, за да може светскиот рeд да стане подемократски“, додал тој.

Во минатото Путин жестоко ги напаѓаше САД и Западот, обвинувајќи ги за кризата во Украина, која според Русија е резултат потпомогнат од Западот за „државен удар“ против поранешниот украински лидер Виктор Јанукович.

Пред два дена во годинешната „Директна линија“, одговарајќи на прашања на своите сонародници, Путин ги обвини САД дека се обидуваат да играат доминантна улога во светската политика и рече дека САД сакаат да имаат „не сојузници, туку вазали“.

Сепак неговите критики кон Западот беа поумерени во споредба со претходните слични настапи.

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете