17 Декември, 2025
0.0474

Путин: Може да се разговара за увоз на возила Фиат од Србија

Објавено во: Балкан 16 Октомври, 2014 15:37

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Белград рекол дека може да се разговара за овозможување на извоз на автомобили Фиат произведени во Србија, во Русија.

Премиерот на Србија Александар Вучиќ на почетокот на состанокот со Путин замолил Русија да го прифати извозот на возила кои се произведуваат во фабриката на Фиат во Крагуевац.

„Би ве замолил да ги прифатите возилата произведени во Крагуевац и да овозможите извоз на тие возила во Руската Федерација“, рекол Вучиќ на почетокот на разговорот со Путин, пренесуваат српски медиуми. Путин рекол дека на маса се многу јаки теми, вклучувајќи ги и автомобилите. Тој рекол дека дека може да се преговара за квотите за извоз на автомобили Фиат во Русија. Рускиот претсеател рекол дека трговските врски се развиваат многу успешно. За земјоделството, Путин истакнал дека за Србија е вистински момент да завземе добро место на рускиот пазар. Руските инвеститори вложиле во Србија две милијарди долари и планираат да инвестираат уште милијарда, рекол Путин и потсетил дека НИС е еден од најголемите даноќни обврзници во Србија Тој исто така рекол дека соработката на Србија и Русија може да се прошири и на високата технологија. Вучиќ, кор разговорот го започнал на руски, истакнал дека е добра вест и за Србија и за Русија што е остварен раст во трговската размена помежу двете земји од 29,6 одсто и дека во првите осум месеци вредноста на таа размена изнесувала 2,20 милијарди долари. Премиерот на Србија истакнал дека Србија денеска е единствената европска земја која може да извезува свинско месо во Русија и дека тој раст на извоз е „неверојатен“. Тој на претседателот Путин му пренел дека Србија никогаш нема да го заборави учеството на советските трупи и човечки животи кои паднале за Србија денеска да биде слободна.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни