15 Декември, 2025
0.0847

Путин планирал убиство на украинското раководство или се надевал дека ќе избегаат од Украина

Објавено во: Свет 02 Декември, 2022 16:40

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин планирал за 10 дена да ја заземе Украина, а тајните планови биле специјалните служби да го убијат украинското раководство. 

Британскиот истражувачки центар за одбрана и безбедност открил наводни детали за московскиот план. Тврдат дека имаат запленети руски документи на кои стоел потписот на Путин. Истражувачкиот центар наведува дека дури ни замениците шефови во руската војска не знаеле за планот за инвазија и окупација на Украина се до неколку дена пред почетокот на инвазијата. 

Русија планирала да ја заземе Украина во рок од 10 дена и да ја присоедини до август оваа година, објави Кралскиот институт на обединетите служби за одбранбени и безбедносни студии.

Русија планирала да ги заземе украинските електрани, аеродроми, водоснабдувањето, Централната банка и Парламентот.  Русите претпоставуваат дека службениците на украинската влада или ќе побегнат или ќе бидат заробени поради брзината на инвазијата. 

Украинската разузнавачка заедница исто така верува дека Русија планирала да ги употреби белоруските воздухопловни единици за заземање на нуклеарните електрани Ривне и Хмељницки.

Се додава дека Москва нема да таргетира критична инфраструктура како што се електрани и железници, затоа што тие биле клучни за нејзините планови да ја окупираат земјата.

Имало листа на Украинци и тоа на оние кои треба да ги убијат, оние кои треба да ги заплашат, оние кои се сметаат за неутрални и кои треба да се поттикнат на соработка и оние кои се подготвени да соработуваат.

Службениците планирале да ги регистрираат жителите преку одење од врата до врата и кампови за филтрирање.

Сепак, украинското раководство не избега надвор од земјата. Напротив, бараа оружје за да се одбранат од руската агресија. Како што објави украинската страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски избегнал неколку обиди за атентати. Војната почна на 24 февруари и уште трае. 

„Крвави пакети“ со животински очи биле испратени до голем број украински странски амбасади, соопштија властите во Киев, а пренесува Скај њуз.

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете