09 Октомври, 2024
0.0396

ПУТИН СО ЗАКАНИ ДО РИГА: Ќе се соочеле со „свињско“ однесување во нивната земја

Објавено во: Свет 06 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Русија се заканува на Латвија. 

Рускиот претседател Владимир Путин упати нови закани до Латвија за време на Советот за развој на граѓанското општество и човековите права во Кремљ. Тие се фокусираа на политиката на Рига, главниот град на Латвија, во однос на малцинството што зборува руски, пишува „Њузвик“.

Латвија е една од трите членки на НАТО и на Европската Унија кои делат граница со Русија.

Земјата претходно се соочи со реакции за донесување закони за кои експертите на Обединетите Нации велат дека се дискриминаторски кон малцинските етнички групи во земјата, вклучително и напорите латвискиот да стане јазик што се користи до 2025 година во училишните згради.

Во мај Ројтерс објави дека руските граѓани кои живеат во Латвија добиле наредба да полагаат основен тест за латвиски јазик со цел да ја докажат својата „лојалност“ до владата на Рига.

„Мислам дека нема да имаат среќа оние кои спроведуваат таква политика“, рече Путин.

Истиот наратив тој го користеше и за Украина. 

„Ако водат таква политика кон луѓето кои сакале да живеат во таа земја, да работат таму, да создадат нешто добро за таа земја, а потоа да се однесуваат со нив на таков „свињски“ начин, тогаш тие, на крајот на краиштата, ќе се соочат со такво „свињско“ однесување во нивната земја“, додаде Путин.

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари лани. Русија се закануваше на Полска и на балтичките земји, но и на многу други држави. 

Полска тврди дека Русија за три години ќе го нападне НАТО.

Полската Агенција за национална безбедност предупреди дека рускиот напад врз НАТО може да дојде порано од очекуваното. 

фото Икс/принтскрин

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН УРАГАН ЈА УНИШТИ АМЕРИКА, ДРУГ СТИГНА ВО ЕВРОПА: застрашувачко предупредување, метеоролозите никогаш не го виделе ова

ЕДЕН УРАГАН ЈА УНИШТИ АМЕРИКА, ДРУГ СТИГНА ВО ЕВРОПА: застрашувачко предупредување, метеоролозите никогаш не го виделе ова

Блумберг: 14 земји-членки на НАТО ги зголемија трошоците за одбрана на невидено ниво по падот на комунистичките режими

Блумберг: 14 земји-членки на НАТО ги зголемија трошоците за одбрана на невидено ниво по падот на комунистичките режими

Пилот на Туркиш Ерлајнс почина за време на лет од Сиетл до Истанбул

Пилот на Туркиш Ерлајнс почина за време на лет од Сиетл до Истанбул

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи