Путин во Минск, победа на дипломатијата
Објавено во: Свет 11 Февруари, 2015 13:11
Рускиот претседател Владимир Путин ќе отпатува за Минск на состанок за решавање на украинската криза, потврдија од Кремљ.
Во Белорусија потуваат и украинскиот претседател Петро Порошенко, како и германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд.
„Владимир Путин денеска ќе отпатува за Минск, каде ќе учествува на состанокот формиран од „Нормандија“ изјавија во соопштението од Кремљ.
Од Елисејската палата потврдиле дека Меркел и Оланд ќе патуваат за Минск да би „пробале се“ во целта за дипломатско решение на кризата.
Порошенко исто така го потврдил своето присуство на состанокот кој според дипломатски извори би требало да започне во 16 часот.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјавил дека е сигурен во донесувањето на решение за конфликтот во Украина на мировните преговори во Минск.
„Специјалисти работат. Има значаен напредок“, изјавил министерот но одбил да го открие нацртот на спогодбата пишува Раша тудеј.
„Претседателите не патуваат бадијала“ изјавил изворот.
Дипломатски извор од Русија изјавил за Ројтерс дека постојат 70 % шанси за лидерите на Русија, Украина, Франција и Германија за постигнување на договор.
Можеби ќе ве интересира
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




