17 Декември, 2025
0.0397

Путин во Србија ќе јаде од садовите на Тито!

Објавено во: Балкан 14 Октомври, 2014 14:35

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин за два дена треба да допатува во Србија, каде што ќе присуствува на воената парада во чест на ословодувањето на Белград. Подготовките во Србија за пречек на високиот гостин се во полн ек. Граѓаните од утрово добија препораки - на покривите на повисоките згради ќе има снајперисти, кои ќе се грижат за безбедноста на рускиот претседател, а по линијата на неговото движење ќе се затвораат шахтите и ќе се отстрануваат сите автомобили. Граѓаните кои живеаат во места по кои ќе поминува колоната не смеат да ги отвораат прозорците и мора да ги спуштат ролетните. Освен ова на терасите не смеат да сушат облека. Уште низ воздушниот простор на Србија, авионот со позлата и дијаманти на Путин, вреден 150 милиони евра, ќе го следат српски авиони МИГ, а за тоа време српското небо ќе биде затворено за други авиони. Според обезбедувањето, рускиот претседател воопшто не е лесен за обезбедување, бидејќи важи за „човек кој сака со сите да се ракува“. Ручекот на Путин ќе му биде послужен во садови специјално направени пред 40 години за Јосип Броз Тито. Српскиот претседател Томислав Николиќ на својот гостин ќе му подари некаков подарок, но тоа нема да биде неговата домашна ракија, како што претходно се претпоставуваше. Посетата на Путин во Белград ќе трае неколку часа, а за тоа време, освен учеството на најголемата воена парада во Србија од 1985 година, тој ќе го посети и Меморијалниот комплекс Руските спомен гробишта и Гробиштата на ослободителите на Белград. Освен со Николиќ, ќе остваири средба со рускиот премиер Александар Вучиќ, со кој е предвидено потпишување и на седум спогодби.  

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни