Путин за руската вакцина: Ја омаловажуваа и таа против ебола, па се покажа како најефикасна
Објавено во: Свет 19 Август, 2020 08:31
Руската вакцина против коронавирус ќе им биде достапна на Русите во рок од еден месец најави рускиот претседател Владимир Путин и на САД му порача дека здравјето и животот се поважни од натпреварувањето помеѓу земјите. Ова рускиот претседател го искоментира цитирајќи дека „Америка не би ја користела руската вакцина дури ни за мајмуни“.
. Многу земји во светот се исто така заинтересирани за истата. 20 држави веќе се подготвени да купат околу една милијарда дози за своите граѓани. Претседателот на Мексико г-дин Обрадор рече дека е подготвен да се вакцинира доколку се докаже нејзината ефикасност. Тој истакна дека идеологијата треба да биде исклучена во ова прашање. И ова е јасна навест на неоправдано остра реакција во Соединетите држави, каде претставник на здравствениот систем рече дека дури и мајмуните нема да бидат вакцинирани од рускиот лек. Ова е јасна навреда и едноставна завист - пред неколку години, американски претставници веќе се обидоа да го минимизираат руското предводништво во пронајдокот на вакцина против ебола. Но, тоа беше руската вакцина која покажа најголема ефикасност тогаш и ја запре епидемијата. Сега приказната повторно се повторува - за жал, некои партнери се нервираат дека рускиот лек е првиот што влезе на пазарот, вели Путин во својот последен коментар.
Тој понатаму прашува дали човековото здравје е помалку важно од политичката и економската конкуренција и заклучува дека сите сме во ист брод наречен планета Земја.
Можеби ќе ве интересира
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците




