30 Април, 2024
0.0447

Путиновиот „професор“ по музика

Објавено во: Колумни, Свет 08 Април, 2016

Добивај вести на Viber

„Panama papers“  се случи. Она што долго пред појавувањето на документите за оф-шор зделките низ панамската компанија  Мосак-Фонсека беше најавувано во Русија, дека Западот работи на дискредитација на рускиот претседател Владимир Путин сега се потврди. Терабајти документи украдени од правната компанија содржеа и документи за оф-шор сметки и трансакации на луѓе блиски до Путин. Рускиот претседател првиот ден од објавувањето на документите беше на првите страници на медиумите, но веќе вториот местото му го зазеде неговиот „професор“ по музика – Сергеј Ролдугин. И сите почнаа да се прашуваа кој е тој Ролдугин? Кој е тој музичар што на својата сметка располагал со стотици милиони долари. Со Ролдугин прв пат се „сретнав“ на почетокот на веков, кога во раце ми дојде изданието на книгата „Разговори во прво лице“. Лично сметам дека таа книга е една единствена, колку и да е пишувана да го „разубави“ Путин пред изборите за претседател, која е најверодостојна. Тој се уште не беше претседател, туку вршител на должноста претседател. Се подоцна што е објавено во Русија за Путин е само убавина за него. Како што вообичаено се разубавуваат биографиите на лидерите. Книгата излезе во 2000 година и по некој месец ја преведов и излегуваше во тогаш новиот дневен весник „Вест“ во продолженија. Што имаше во книгата за Ролдугин? Се знаат уште од 1977 година. Се сретнале и веќе не се разделиле. „Тој ми е како брат“, ќе рече Ролдугин. Во биографиите на Сергеј Ролдугин пишува дека е руски виолончелист, диригент, музички педагог. Дека е и претприемач со обрт од две милијарди долари не беше многу познато, но сега, по објавувањето на панамските документи за активностите на неговите оф-шор компании, тоа се потврдува. Но, има податоци дека покрај музиката тој се занимавал со претприемаштво уште во последната декада на минатиот век. Е, тој и таквиот Ролдугин, решил музички да го образува Путин. Веројатно сметал дека покрај правото и разузнавањето не е лошо неговиот другар да се разбира и во класична музика. Тој кажува дека со Путин често пати после работа оделе на филхармониски концерти. Идниот руски претседател се интересирал како е правилно да се слуша симфониска музика. „Јас се обидував да му објаснам. И, ако сега го прашате Вова(изведено од Владимир з.м.) за Петтата симфонија од Шостакович, тој многу подробно ќе ви раскаже, за што станува збор во неа, затоа што нему многу му се допаѓаше, кога тој слуша, јас да раскажувам. Денес пропагандата на класична музика се води бездарно.Јас нему му раскажував што е должен да гледа и слуша нормален човек. Тој чесно прашува: -Еве излегоа луѓе со виолини, диригентот...Зошто?„. А јас нему чесно му објаснував: -Гледај, засвире музиката. Еве спокојна музика, го градат комунизмот. Гледаш каков е акордот, та-ти, па-па. А сега оддалеку ќе се појави фашистичката тема, гледај, таа доаѓа – засвиреа лименките, тоа се лимените дувачки инструменти. Сега таа тема ќе расте. А еве ја сега онаа тема што беше на почетокот, со спокојниот живот. Тие сега ќе се судираат, ваму, таму, ваму, таму:::“ Тоа нему страшно му се допаѓаше“, ќе рече Ролдугин за својот ученик. Токму овој пасаж од книгата ми остави голем впечаток. Не верувам дека кај нас некој правник и разузнавач, па и политичар да е заинтересиран за класичната музика. А сигурно е дека таа влијае врз изградбата на човечкиот карактер. Но, да го оставиме настрана учителствувањето на Ролдугин. Обрт од две милијарди долари што ги поврзуваат со него навистина збунува. Пари од ваму, пари од таму, заеми, кредити... Колку од сето тоа е криминал, перење пари...Вчера Владимир Путин за својот другар Ролдугин рече дека се гордее со него. „Тој не е обичен музичар, тој е блескав музичар. Многу творечки луѓе во Русија се обидуваат да се занимаваат со бизнис. Колку што знам и тој исто така. Како е неговиот бизнис? Тој беше малцински акционер во една од нашите компании. Тој таму нешто заработува, но не станува збор за милијарди долари, милијарди – тоа е тотална глупост“, изјави Путин во одбрана на Ролдугин. Тој се гордее со него. „Речиси сите пари тој ги потрошил на купување музички инструменти од странство и ги донесе во Русија, давајќи ги во сопственост на државните установи“, вели Путин. Според него Ролдугин долги години се занмивава бесплатно со организирање на концерти, унапредувајќија руската култура, плаќајќи се од свој џеб. И други луѓе велат дека Ролдугин бил вистински меценат. Е, колку пари имал Ролдугин чим ги потрошил речиси сите за купување на музички инструменти? Од она што е достапно се знае дека Ролдугин е еден од акционерите, 3,2 проценти, во банката „Русија“ која сега е под американски санкции, заедно со други блиски луѓе на Путин. Во САД таа банка важи за „лична банка на тесен круг луѓе“ блиски на Путин. И покрај тоа што Ролдугин за „Њујорк тајмс“ во 2014 година изјавил дека нема милиони, весникот оценил дека тој тогаш тежел 350 милиони долари. Според истражувања на руски медиуми Ролдугин уште од деведесеттите години на овој или оној начин бил оснивач на неколку компании.Тој е регионален медија магнат, а преку фунд чиј соосновач е има и сопственост од 10,8 проценти во фудбалскиот клуб „Зенит“. Имал или немал пари Ролдугин, чувар ли е на пари на Путин или не е, тоа тешко ќе се докаже. Особено во Русија. А згора на тоа власта успеа да го амортизира, а подоцна и да го релативизира панамскиот „бран“. Најавувајќи неколку денови претходно, дека се очекуваат документи и написи за криминали на Путин и негови блиски луѓе. Што вели за сето ова професорот Марк Галеоти од Њујоршкиот универзитет, специјалист за Русија. Во еден текст тој пишува дека корупцијата во Русија не е новост, а публикуваното отвора многу повеќе отколку вообичаеното бегање од даноци. Тој смета дека корупцијата „ не е спореден продукт, туку централен елемент на путинската методологија на власт. Но тоа не дава одговор на прашањето, зошто денес во Русија има таква корупција?  Да препоставиме, пишува Галеоти, дека споменатите, во документите, две милијарди долари се на Путин. Но од кај ги зел? Што, со куфери во готовина му ги носеле? Малку веројатно. Наместо тоа тој си зема, или му даваат удели или право на удели во добивката. И тоа не е толку заради  парите – се’ што му треба нему може да купи државата или олигарсите, од дворец на Црно море до јахта од 35 милиони долари, поради политичката власт која тие нему му ја даваат“. Вистинска корупција во Русија не се парите, туку власта вели Галеоти. Вторава може да ги купи првите, но не и задолжително обратно. Од друга страна ако имате власт вие секогаш можете да најдете пари, како што гледаме од „панамските документи, или пак вам нема да ви требаат. „Вистинска валута во Русија, повторува Галеоти – не се парите. Туку власта и врските. Во сегашна Русија корупцијата на претставниците на власта е толку нормална, што дури не ја ни споменуваат“. Написи за корупцијата во Русија во врвовите на власта не се новина. Не е новина и постоењето на корупција. Но и тогаш и сега официјален Кремљ барањата за коментари на одредени тврдења за корупција ги сведувал на тоа дека „многумина сакаат информационо да атакуваат врз нашата земја и членовите на нашето раководство и не се срамат од никави гнасотилаци“. Па и за Путин „панамските документи“ се „обиди да се разниша одвнатре, да не направат нас попустливи, да не обликуваат како што сакаат“. „Кој е наједноставен начин“ Тоа е да се внесе некаква недвореба внатре во општеството кон органите на власта, кон органите на држаното управување, да се натераат едни против други“, рече Путин вчера, додавајќи дека такво нешто „со блесок било применето во трагичните години од Првата светска војна“. А тоа значи дека ако „непријателите“ успеат во намерите тогаш во Русија можат да се повторат годините на револуцијата, војните, распадот...Да не се заборави дека идната година се бавршуваат 100 години од Октомвриската револуција. Во полза на Путин одат и коментарите во светот. Пред се дека станува збор за „американско масло“, поткрепено од Сорос, дека е поврзано со Хилари Клинтон, но и од Стејт департментот кој ги финансира новинарските истражувачки организации. Тука е и „кавгата“ меѓу Викиликс и новинарите истражувачи. Потоа коментарите дека во материјалите нема американски компании или поединци. И згора на се дека ќе се престане со објавувањето на докумените. Веројатно од причина што повеќето сметки се легално отворени, не служеле за перење пари, а се обнародени, потоа колатерална штета од нив станаа и британскиот премиер Дејвид Камерон, исландскиот кој што си поднесе оставка, а секако и опасноста да се удри врз темелите на британскиот финансиски ситем. Зашто Велика Британија е една од земјите низ која минувале милијарди долари и се упатувале во оф-шор зоните. Што за сето ова ќе речат луѓето од „Политибиро 2.0“? Луѓе од опкружувањето на Путин, со минанто од КГБ или други специјални служби. Некои од од нив сигурно се закана и опасност за него. Се разбира ако навреме не ги поделил и со нив бизнисите. Опасност постои само ако тие се обединат. Годинава во Русија ќе има парламентарни избори. „Панамските документи“ во моментов се храна за противниците на Путин и опкружувањето. Но се чини беа објавени прерано. До есеноска се ќе биде заборавено. Веќе кажавме дека сега помалку го споменуваат Путин, отколку неговиот „учител по музика“. Можеби опозицијата ќе добие некој процент гласови повеќе, но тоа ќе биде малку, веројатно и за минување на парлемнтарниот праг. Мирче Адамчевски

Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД