РАБОТА ПОД ПРИТИСОК: Kaко работниците се справуваат со овој предизвик?
Објавено во: Економија 06 Август, 2025 07:40
„Бараме кандидат со способност за работа под притисок и рокови“, ова е реченица која можете да ја сретнете во огласи за вработување.
Но, луѓето кои добро го познаваат пазарот на трудот, велат дека повеќето професии денес наложуваат работа под притисок, а на вработените останува да научат како најдобро да ја менаџираат состојбата. Се советува работникот да има листа со приоритети, да ги заврши прво оние обврски кои се итни и за кои роковите го „газат“.
„Скоро секоја работа има притисок, реално, ако е поврзано работењето со рокови. Дефинитивно, дали е производствен процес, продажба, таргети за исполнување во текот на месецот, менаџмент, затоа што менаџираат цели тимови, секаде има притисок. Мислам секоја работна позиција сега е подинамична од порано, економијата е подинамична, начините на кои ги правиме работите, сакаме побрзо да биде. Има различни тренинзи поврзани со ова, менаџирање на време, стрес, дефинитивно тоа е дел од работата, во човечки ресурси треба да им помогнат да го совладаат стресот на работното место“, вели Јулијана Миновска од агенцијата за посредување при вработување Д Хедхантер.
Луѓето кои се вклучени во работниот процес велат дека веќе искусиле да работат под притисок. Според нив, на почетокот е тешко, но потоа се навикнуваат.
„Работев под притисок, тешко е, но кога се навикнав, повеќе ништо не беше тешко“, вели млада девојка, вработена во приватен сектор.
Работниците објаснуваат дека луѓето треба да поработат на својата организираност, концентрација, брзина и да можат навреме да ги завршат работните задачи.
„Цел работен век, односно 35 години работев под притисок. Тешко е, но земавме добри плати и тоа се компензираше. Потребно е да се биде посветен 100 отсто и кога ќе се заврши работата, следи едно олеснување“, рече Весна Даштевска, граѓанка.
Оние кои работеле во странство, додаваат дека и во земјава и надвор, работата под притисок е секојдневие.
„Овде не сум работела веќе 10 години, а претходно бев под притисок кога работев. Тоа си зависи од човекот, но секаде има работа под притисок“, рече Ивана Георгиевска, граѓанка.
За подобро работење под притисок, на работниците им се советува ако е можно, работните задачи да ги поделат и да ги работат сегмент по сегмент, да побараат помош од колегите, да комуницираат ефективно, да внимаваат дали тој притисок е здрав и ги мотивира или ги носи во стрес и синдром на „прегорување“ од работа. Работниците треба да бидат свесни за своите вештини, истите да ги развиваат, но и да побараат ментор ако тоа е потребно. Според организацијата за економска соработка и развој, Северна Кореја важи за земја каде работниците работат под стрес и притисок, но и за Соединетите Американски Држави(САД) има забелешки дека не нудат добар баланс како во европските земји.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




