РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА ЗА 600 ИЛЈАДИ ЛУЃЕ - усвоен е новиот закон, покрај картата за шанса, ќе има бенефити и за ИТ стручњаците
Објавено во: Економија 09 Јули, 2023
Новиот закон што ќе го олесни емигрирањето во Германија за работа може да стапи на сила. Имено, државниот дом на сојузниот парламент, Бундесратот, во петокот ја одобри регулативата која Бундестагот ја изгласа минатиот месец.
Новиот закон, меѓу другото, ја воведува таканаречената карта за шанса, односно систем на бонус поени за кандидатите за имиграција, како што се јазични вештини, работно искуство, возраст и врски со Германија.
Имателите на картичката ќе имаат право да бараат работа во Германија, а таа е и едногодишна дозвола за престој. Сличен систем со години има и Канада.
Според новиот систем, ИТ експертите во Германија треба само да ја докажат својата стручност и да се вработат
Според новите прописи, експертите од ИТ секторот нема да имаат потреба од високо образование за работа во Германија, под услов да ја докажат својата стручност, пренесува Investor.me.
– Новиот закон е првиот чекор кон привлекување на најдобрата работна сила во Германија во услови на меѓународна конкуренција, изјави министерката за внатрешни работи Ненси Фесер.
Во Германија има 600.000 слободни работни места
Министерот за економија Роберт Хабек повтори дека во Германија недостигаат квалификувани работници и дека 600.000 работни места се празни „едноставно затоа што нема луѓе“.
– Имиграцијата на странски работници е во интерес на Германија, изјави министерот за труд Хубертус Хајл, опишувајќи го новиот закон како „историски“, бидејќи „во спротивно, недостигот на работници во Германија трајно ќе го кочи економскиот раст“.
Законот, исто така, се занимава и со други прашања кои го отежнуваат ангажирањето квалификувани работници, што им олеснува на младите да се образуваат додека работат или патуваат за обука.
Блиц бизнис
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.