01 Април, 2025
0.0284

РАБОТА ЗА ИТ ИНЖЕНЕРИ ОД МАКЕДОНИЈА: Платата стасува и до 8.000 долари, се повеќе се заинтересирани

Објавено во: Економија 05 Октомври, 2021 08:00

Добивај вести на Viber

Работа во старт ап компанија од Калифорнија која работи на платформа за е-трговија ќе плати ИТ инженер од Македонија со месечна плата од 7.000 до 8.500 долари. Позицијата е отворена, а огласот трае до 10 октомври. Но има и други слободни работни позиции и за плати од над 4.000 долари и моментно отворени се над 20 можности. За сите нив може да аплицираат Македонци, се разбира секако и ИТ експерти од целиот свет. Ги нуди Адева, ексклузивна технолошка мрежа која всушност ги поврзува најдобрите технолошки професионалци во водечки компании, организации и стартапи од светот. Нивната мрежа моментно сочинува инженери во повеќе од 35 земји.

Меѓу другите огласи кои моментно се отворени се такви за заднински софтвер, за креирање софтвери за услуги,  или со јазикот на информатичарите full stack, back-end Front-end инженери. Сите работни позиции за инженери од селиот свет, а најчесто се бара соодветна диплома за компјутерски науки, за некоја  сродна област или еквивалентно практично искуство. Предност имаат тие кои имаат над петгодишно работно искуство.

ИТ инженерите се едни од најплатените работници и во Македонија. Сепак според статистиката, платите кои ги добиваат овде се далеку пониски од тие кои може со оваа професија да се заработат надвор. Познато е дека многу наши професионалци, програмери и експерти од повеќе технолошки области со години работат надвор од земјава, многу често, живеат овде а се ангажирани за меѓународни компании.

Платите се далеку над македонскиот просек. 

Според последните податоци просечната плата во јули во земјава е 28.540 денари. 

Таа е за 4,8 отсто поголема од истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. 

Секако највисока нето плата има во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности каде месечниот приход е 72.890 денари. Оваа, во споредба од платите кои се нудат надвор, секако е неспоредлива. ИТ експертите велат дека секако поради овие можности многумина од нив се ангажирани во компании надвор.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ЦРНИ ДЕНОВИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Дали е ова знак дека многумина ќе останат без работа?! Посебно е лошо во еден сектор

ЦРНИ ДЕНОВИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Дали е ова знак дека многумина ќе останат без работа?! Посебно е лошо во еден сектор

КРАЈ НА ПАТУВАЊАТА БЕЗ ДОЗВОЛА: Ќе мора да се менуваат навиките

КРАЈ НА ПАТУВАЊАТА БЕЗ ДОЗВОЛА: Ќе мора да се менуваат навиките

ЕПЛ КАЗНЕТ ВО ФРАНЦИЈА - треба да плати 150 милиони евра

ЕПЛ КАЗНЕТ ВО ФРАНЦИЈА - треба да плати 150 милиони евра

„ВЛАДАТА ДА ЗАСТАНЕ НА СТРАНА НА РАБОТНИЦИТЕ“: ССМ во среда излегува на протест

„ВЛАДАТА ДА ЗАСТАНЕ НА СТРАНА НА РАБОТНИЦИТЕ“: ССМ во среда излегува на протест

НАФТАТА ПОСКАПУВА ТРЕТА НЕДЕЛА ПО РЕД - стравувања од тарифна војна вршат притисок врз „црното злато“

НАФТАТА ПОСКАПУВА ТРЕТА НЕДЕЛА ПО РЕД - стравувања од тарифна војна вршат притисок врз „црното злато“

ВО СРЕДА СЛЕТУВА ПРВИОТ АВИОН ОД ПАРИЗ - Скопје наскоро ќе се поврзе и со Барселона и Лион

ВО СРЕДА СЛЕТУВА ПРВИОТ АВИОН ОД ПАРИЗ - Скопје наскоро ќе се поврзе и со Барселона и Лион

АХВ ОДЗЕДЕ ПРОИЗВОДИ СО ПОМИНАТ РОК - се продавале на пазар за стари работи, изречена казна

АХВ ОДЗЕДЕ ПРОИЗВОДИ СО ПОМИНАТ РОК - се продавале на пазар за стари работи, изречена казна

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ПОПУЛАРНО ЧОКОЛАДО ВО ГЕРМАНИЈА - може да содржи метални делчиња, сите кои го купиле да го вратат

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ПОПУЛАРНО ЧОКОЛАДО ВО ГЕРМАНИЈА - може да содржи метални делчиња, сите кои го купиле да го вратат

„БЛОКИРАЊЕТО НА ДРУГИТЕ САМО ЌЕ ГИ ПОПРЕЧИ ВАШИТЕ ПАТИШТА“: Кина сака преговори, но подготвена е да се бори

„БЛОКИРАЊЕТО НА ДРУГИТЕ САМО ЌЕ ГИ ПОПРЕЧИ ВАШИТЕ ПАТИШТА“: Кина сака преговори, но подготвена е да се бори