РАБОТАТА ОД ДОМА ПРИВИЛЕГИЈА ЗА ИТ СПЕЦИЈАЛИСТИТЕ: Еве во кои земји во Европа најмногу се бараат он лајн работници

Објавено во: Економија 15 Декември, 2023 07:45
Работата од дома останува модел кој е посакуван и од работниците и од работодавачите. Но, овој тип на работа е пред се „привилегија“ или „обврска“ за работници чија дејност е поврзана со информатичката или комуникациската технологија.
Опстојувањето на ваков тип работа беше повод за посеопфатна анализа од страна на европскиот статистички центар „Евростат“ кој за прв пат објавува анализа за присутноста на огласите за работа преку Интернет.
- Помеѓу четвртиот квартал од 2022 година и третиот квартал од 2023 година, 8,5 отсто од огласите за работа преку Интернет во ЕУ беа посветени на специјалисти за информатичка и комуникациска технологија (ИКТ), според новата експериментална статистика објавена денеска врз основа на огласите за работа преземени од работа на Интернет портали – се нагласува во анализата на „Евростат“.
Притоа како што објавуваат, во неколку земји членки на унијата, присутноста на ваквите огласи е поголема. Па така Словачка е прва на листата со вкупно 16,5 проценти огласи за работа преку Интернет. Потоа следува Кипар со 14,8 проценти, па Луксембург со 14,7 отсто, Австрија со 14,4 проценти, па Португалија со 13,7 отсто и Бугарија со 13,6 проценти имаат најголем процент на огласи за работа преку Интернет кои бараат специјалисти за ИКТ во истиот период.
Од друга страна, спротивно на овие земји, најмалку специјалисти за работа од дома се бараат во Словенија (3,7 отсто), Финска (4,1 проценти), Хрватска (4,3 отсто), Данска (5,7 проценти ) и Романија (6,1 отсто).
Програмерите и аналитичарите на софтвер и апликации се најбарани специјалисти за ИКТ во ЕУ
Од сите онлајн огласи за работа за ИКТ специјалисти во ЕУ, објавени во текот на последниот квартал од 2022 година и првите три квартали од 2023 година, 59,1 отсто се наменети за развивачи и аналитичари на софтвер и апликации, проследено со ИКТ операции и техничари за поддршка на корисници (10,6 проценти ) и професионалци од базата на податоци и мрежа (9,8 отсто).
- Холандија со 71,4 проценти, Полска со 69,9 отсто и Австрија со 65,7 проценти забележаа најголем процент на онлајн огласи за работа за развивачи на софтвер и апликации и аналитичари меѓу сите огласи за работа за ИКТ специјалисти објавени на интернет. На другиот крај на скалата, Хрватска, Словачка и Малта регистрираа најмала побарувачка за развивачи и аналитичари на софтвер и апликации во сите ИКТ специјалисти што се бараат на интернет – нагласува „Евростат“.
Притоа нагласуваат дека над 20 проценти од огласите за работа преку Интернет за ИКТ во Португалија, Словачка и Малта биле наменети за ИКТ операции и техничари за корисничка поддршка. Спротивно на тоа, Полска има најниски проценти, при што Хрватска, Унгарија и Литванија следат блиску по неа, па Словенија.
П.О.Фото: Unsplash / Claudio Schwarz
Можеби ќе ве интересира
Инвеститор од Емиратите ја посакува Големата плажа во Улцињ

Од април вработените во основните и средни училишта со зголемена плата

ЌЕ СЕ ДЕЛАТ НАТПРОСЕЧНИ ПЛАТИ? „Магна“ започнува со работа во Штип од следната недела

Зголемување на минималната плата во Грција од 1 април

Работната саатница во ЕУ во 2024 најмногу пораснала во Хрватска

САД уште еднаш ги одложи санкциите кон српската НИС

ВМРО-ДПМНЕ го нападна и синдикалецот Деаноски: Платата му била 104.000 денари

Рама: Сувите пристаништа на „Порто Романо“ ќе бидат во Приштина и Скопје
