16 Јануари, 2025
0.0630

Работевме напорно, градевме хотели, правевме плажи, затоа туристите доаѓаат во Македонија!

Објавено во: Економија 18 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Сите чекори кои Владата ги презема во туризмот веќе даваат резултати, смета премиерот Груевски. Тој тука го вброи и неколкугодишното рекламирање на Македонија како туристичка дестинација на повеќе меѓународни телевизии и весници. Не може само со една или две работи да се привлечат туристи, туку е неопходно широк спектар на дејствија и активности за тоа да се направи. Секој кој ќе каже дека се неопходни само една до две работи лаже, истакна Груевски.

Неопходно е извршување на комплексна работа и широк спектар на дејствија и активности за да се привлечат туристи. Македонија има многу природен потенцијал за сите видови туризам, но досега не беше обрнувано внимание на туризмот. Откако почна да се обрнува внимание веќе почнуваат да доаѓаат првите резултати.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски во одговор на прашање по посетата на Дојран заедно со генералниот директор на АД ЕЛЕМ Дејан Бошковски.

„Радува фактот што во март годинава бројот на туристи во Македонија е зголемен за 7,5 отсто во однос на истиот месец од 2012 година, а бројот на ноќевања пораснал за 10,2 отсто. Тоа се сериозни трендови на зголемување на бројот на туристи и кои не доаѓаат сами со себе, туку се резултат на многуте активности на Владата и на многу работа, ангажман и спроведени проекти за зголемување на туристичката понуда“, изјави Груевски.

Тој посочи дека Владата во изминатиот период инвестираше во нови плажи во Охрид, Дојран и на други места, ја подобри туристичката понуда и во останатите градови, во планинскиот и руралниот туризам. Ја подобри патната инфраструктура и овозможи изградба на хотели на земјиште кое се продава по едно евро за метар квадратен.

Тоа, како што кажа, овозможи да се градат хотелите „Мериот“, „Хилтон“ и „Ибис“, а наскоро, додаде, најавена и градба на други хотели со франшиза од познати светски брендови.

Се покажа дека кога се обрнува внимание на туризмот доаѓаат и резултатите, а константното зголемување на бројот на туристи и на ноќевања е само еден од показателите дека работите се движат во добра насока, нагласи премиерот Груевски.

миа Фото

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја