15 Јануари, 2025
0.0250

Работилници против врсничко насилство и во Чучер-Сандево преку кампањата на „Макпетрол“

Објавено во: Мои пари 09 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Учениците во Општина Чучер-Сандево ќе имаат можност да се запознаат со различните форми и аспекти на врсничкото насилство во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Членката на управниот одбор и директорка во компанијата, Марија Јосифовска-Спасовска и градоначалникот Сашко Комненовиќ денес потпишаа меморандум за соработка. Активностите ќе вклучуваат одржување на работилници, како и едукативен материјал испечатен од „Макпетрол“.

- Реткост е, за жал, врсничкото насилство некого да одмине. Без разлика дали децата и младите растат во голема или во мала средина, без разлика дали живеат во Македонија или во некоја од развиените европски или светски земји, тие со булингот се запознаваат уште од најрана возраст. Во најмала рака, мнозинството од нив биле набљудувачи, односно сведоци, а секако не е мал бројот и на тие што се нашле во улогата на извршители или на жртви. За сите овие припадници на генерациите кои што се иднината на секоја земја, врсничкото насилство може да биде точката која што пресудно ќе влијае во која насока ќе се развива и ќе се реализира нивниот потенцијал. Затоа со активностите од нашата кампања се обидуваме да направиме што поширок опфат во земјава, а нè исполнува фактот дека тоа е препознаено и дека од најразлични страни добиваме барања да се приклучат во реализацијата - вели Јосифовска-Спасовска.



По Штип, Бутел и Петровец, Чучер-Сандево е четвртата општина што за краток период се вклучува во кампањата „Крени глас против врсничко насилство“. Учениците, како и претставници на стручните служби во образовните установи ќе се здобијат со знаења што ќе ги сподели психолог со долгогодишно искуство и ангажман на справување со причините и со последиците на оваа негативна појава.

По отпочнувањето, во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ досега се приклучија 13 општини. Претходниот период компанијата потпиша меморандуми за соработка и со Центар, Аеродром, Гази Баба, Гевгелија, Демир Капија, Куманово, Карпош, Кисела Вода, како и Ѓорче Петров. Учениците и стручните служби во пет од наведените општини веќе учествуваа во работилници, додека истите ќе се одвиваат во останатите во следниот период. Опфатот на овие едукативни средби досега е над 40 основни училишта и неколку илјади ученици.

Работилниците, на младите, како и на наставниците, но и на психолозите и на педагозите, им овозможуваат суштински да се запознаат со формите на булинг, како што се физичкото, вербалното, психичкото, социјалното и сајбер-насилството. Во текот на овие средби, учениците, преку разговор и вежби, ги разгледуваат повеќето аспекти на врсничкото насилство, а стручните служби се здобиваат со знаење кое што потоа можат да го применат во секојдневната настава.

Кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“ во онлајн-просторот е активна преку интернет-страницатаkreniglas.mk. Оваа платформа содржи опсежни информации, совети и искуства кои што можат да помогнат во препознавањето, соочувањето и потенцијалното разрешување на случаите со булинг. Анонимноста е особено значајна кога е во прашање овој проблем, а вебсајтот овозможува, без откривање на личните детали, секој да ја сподели својата приказна со булингот. На ист начин може да се решат и интерактивните тестови кои откриваат дали одредена личност била извршител, жртва или набљудувач на случаи со врсничко насилство.

Со кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ се реализира една од носечките стратешки цели на „Макпетрол“ - општествената одговорност. Преку оваа активност, компанијата сака да поттикне значително зголемување на интересот и на јавната дискусија за проблемот со булингот. Активностите, исто така, имаат за цел на најмладите да им овозможат едукација и поддршка, како и изнаоѓање долгорочен пристап за решавање на овој широко распространет проблем.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

Samsung Neo QLED и Lifestyle телевизорите добија сертификат „EyeCare Circadian“ од VDE

Samsung Neo QLED и Lifestyle телевизорите добија сертификат „EyeCare Circadian“ од VDE

(ВИДЕО) Ангел Анѓушев во „Бизнис-клуб“: Освојувањето нови пазари бара преземање ризици

(ВИДЕО) Ангел Анѓушев во „Бизнис-клуб“: Освојувањето нови пазари бара преземање ризици

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски пари на Европскиот пазар

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски пари на Европскиот пазар

Ангел Анѓушев: Високотехнолошките производи се начинот како да расте македонската економија

Ангел Анѓушев: Високотехнолошките производи се начинот како да расте македонската економија