28 Септември, 2024
0.0253

Работите се менуваат – Гаспром се откажува од европските пазари

Објавено во: Анализа 16 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Рускиот гасен гигант Гаспром се согласил да ги продаде акциите во литванската гасна компанија Lietuvos Dujos и операторот на гасоводната мрежа во земјата Amber Grid на контролираните од државата фирми EPSO-G и Lietuvos Energija, брифиреше портпаролот на премиерот Алгирдас Буткевичус.

Бордот на директори на Гаспром заседавал во Москва по прашањето дали да го прифати предлогот на EPSO-G и Lietuvos Energija, кои пред неколку недели ги откупија акциите на германската компанија E.ON во истите компании.

"Газпром го усвои предлогот и се согласи да ги продаде акциите во Amber Grid и Lietuvos Dujos", посочува Евелина Лаздаускиене, портпарол на Буткевичус.

Откако беа донесени правилата за единствениот европски пазар на енергија, компаниите даватели на енергија немаат право да доминираат во сопственоста на инфраструктурата.

"Ова е добра вест. Продажбата значи дека Литванија и Гаспром конечно ќе ја стават кохабитацијата на комерцијална основа, што би можело да ги подобри и односите помеѓу Литванија и Русија ", коментира поранешниот министер за енергетика на земјата Арвјодас Секмокас.

Гаспром поседува 37,1% од Lietuvos Dujos и Amber Grid. Lietuvos Energija предложи да го купи Lietuvos Dujos holding, а EPSO-G - Amber Grid. Вкупниот износ за партиципациите на рускиот гигант во двете компании е 140,8 милиони евра.

Литванската влада наведува во дополнителна изјава дека зделката нема да доведе до промени во договорените цени на гасот.

Во меѓувреме органот за конкуренција на Литванија го казни Гаспром со рекордни 48 милиони долари, со образложение дека компанијата ја попречува конкуренцијата во земјата, откако Москва одби да преговара за договор за размена на гас со литванскиот производител на енергија Lietuvos Energijos Gamyba во 2012 година.

Литванската компанија имаше договор со неидентификуван продавач во Западна Европа да купува гас во периодот 2013-2015 година. Поради неможност на физичката испорака сепак фирмата му предложи на Гаспром размена на сино гориво во обемите на договореното количество со западната компанија.

Руската компанија одби да започне такви преговори, но според комисијата за конкуренција во Литванија ја нарушилa обврската да не ги попречува клиентите да бараат алтернативни добавувачи.

К.К.