18 Декември, 2025
0.1115

РАБОТНА НЕДЕЛА 4 ДЕНА ОД ПО 10 ЧАСА ИЛИ 5 ДЕНА ПО 8 ЧАСА: Што повеќе сакаат работниците во Германија?

Објавено во: Економија 19 Мај, 2025 13:45

Добивај вести на Viber

Жителите на Германија „тесно“ го поддржуваат преминувањето кон неделно ограничување на работното време, наместо задржување на сегашното осумчасовно дневно ограничување, покажа анкета објавена денеска.

Анкета спроведена за новинската агенција ДПА од страна на компанијата за испитување на јавното мислење YouGov покажа дека 38 проценти од испитаниците ја поддржуваат мерката, 20 проценти се против неа, а 37 проценти се двоумат.

Предлогот, вклучен во коалицискиот договор на новата германска влада, би го заменил постојното осумчасовно дневно ограничување со неделно ограничување, со цел да се овозможи поголема флексибилност во работното време.

Според предложената промена, вработените би можеле да работат подолги и пократки денови, на пример, четири дена по 10 часа наместо пет дена по осум часа.

Од испитаниците кои ги поддржуваат овие мерки, 82 проценти рекле дека моделот нуди поголема флексибилност, како што е дозволување подолги викенди. Околу 44 проценти, исто така, гледаат предности за работодавците кои повеќе нема да бидат обврзани со ограничувањето од осум часа дневно.

Од друга страна, критичарите стравуваат од намалена продуктивност и замор на работниците. Така, две третини од противниците на мерката велат дека продуктивноста би се намалила по осум часа работа, а 61 процент се загрижени дека продолжените смени би ги оптовариле вработените.

На прашањето да изберат помеѓу работа четири дена од 10 часа неделно или пет дена од осум часа за иста плата, 37 проценти се залагаат за четиридневна работна недела, додека 28 проценти го поддржуваат постојниот традиционален модел.

Повеќе од половина од противниците тврделе дека не можат да останат продуктивни повеќе од осум часа, а околу 40 проценти изразиле загриженост за помалку време што им останува за семејството и хобијата.

фото: Unsplash/Waldemar

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?