РАБОТНИЦИТЕ НА МОДНИОТ ГИГАНТ ЗАРА ШТРАЈКУВААТ, полош тајминг не можеа да одберат
Објавено во: Економија 09 Јануари, 2023 14:45
Синдикатот кој ги застапува продавачите во продавниците на шпанскиот моден бренд „Зара“ ги повика вработените во Зара и работниците во другите продавници на групацијата да се вклучат во штрајкот.
Работниците на модниот гигант „Зара“ штрајкуваа во саботата, на почетокот на зимската распродажба, барајќи повисоки плати и подобри услови за работа, објави шпанскиот весник Синко Диас, а пренесува порталот Еурактив.
Синдикатот CTG, кој ги претставува продавачите во продавниците на шпанскиот моден бренд, ги повика вработените во Zara и работниците во другите продавници на групацијата да штрајкуваат токму на стартот на зимската распродажба, со цел да ја нарушат зимската продажба која е популарна кај потрошувачите, барајќи повисоки плати и подобри услови за работа.
Големите шпански трговци на мало, како што е матичната компанија на Зара, Индитек и Ел Корте Инглес, нудат огромни попусти до средината на јануари за да им помогнат на потрошувачите да се справат со инфлацијата, која во декември беше 5,8 отсто во Шпанија.
Се очекува Шпанците за време на зимската распродажба во просек да потрошат по 94,40 евра по лице, објави финансискиот компаратор Банкми. Потрошувачката годинава ќе остане под потрошените 96,30 евра за време на зимската продажба во 2022 и 2020 година, но ќе биде поголема од 2021 година, кога просечната потрошувачка беше 93,10 евра.
На помалата потрошувачка главно влијае високата стапка на инфлација забележана во последните месеци, оценува Банкми, наведувајќи дека изгледите за продажниот период се „не толку лоши“ по Божиќната продажна кампања, која се покажа „попозитивна од очекуваното“.
Фото: EPA/ J.J.Guillen
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




