18 Декември, 2025
0.0900

„РАБОТНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ СООЧУВААТ СО НИСКИ ПЛАТИ“: ССМ вели заради нив има сиромаштија и масовна миграција

Објавено во: Економија 07 Октомври, 2025 12:32

Добивај вести на Viber

Нема достоинствена работа без достоинствени плати кои ќе ги задоволат реалните егзистенцијални потреби на работниците и нивните семејства, порачува Сојузот на синдикати на Македонија по повод 7 Октомври - Светскиот ден на достоинствената работа. 

Од ССМ укажуваат дека платите во државата значително заостануваат зад реалните животни трошоци, дека според нив, истите создаваат сиромаштија, поттикнуваат масовна миграција и дека затоа нивното зголемувањето е неопходно и итно.

- Работниците во Македонија се соочуваат со ниски плати, со несигурни работни места и се соочуваат со ограничено учество во процесите на одлучување.
Затоа ССМ бара социјален договор и дијалог кој ќе обезбеди фер можности и социјална сигурност, почитување и заштита на работничките права, институции што работат во интерес на работниците и граѓаните и институции кои нема да бидат под влијание на корупција и дневните политики, велат од ССМ.

Според ССМ, рестриктивните мерки, штедењето, стагнација на платите, пензиите и другите приходи на работниците и граѓаните во услови на инфлација и пораст на цените на основните животни продукти ја поттикнуваат сиромаштијата и ја намалуваат куповната моќ.

- Нема достоинствена работа без реални, одржливи и сигурни работни места, со договори за работа на неопределено време. Не се согласуваме со привремените и повремените работни ангажмани со минимална заработувачка, без платени придонеси и без никаква социјална заштита и сигурност со што се залагаме за мерки и активности за сузбивање на сивата економија и непријавената работа, нагласува ССМ.

Оттаму посочуваат дека достоинствена работа за сите може да се постигне доколку заедно социјалните партнери, синдикатите, работодавачите, Владата, невладиниот сектор, експертската и стручна јавност се обединат и ефикасно ги реализираат заеднички креираните активности во насока на развој на економските и општествените односи, но и со целосно почитување на работничките и граѓанските права.


Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?