Работник паднал во Драчево и се бори за живот
Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2016
Б.И.(34) од скопско Глумово вчера e пренесен во Ургентниот центар поради тешки повреди со кои се здобил откако паднал при работа.
Работникот извршувал градежни работи на улица „Иван Хаџиниколов“ во населба Драчево по што паднал од висина. На Б.И. му биле констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.