Работник со две и пол минимални плати не може да ја покрие потрошувачката кошничка
Објавено во: Економија 09 Мај, 2023 16:56
Близу 50.000 денари месечно му требаат на едно четиричлено семејство само за минималните трошоци.
Синдикалната минимална кошничка во април изнесувала 49.384 денари. Најмногу пари или 19.224 денари биле потребни за храна и пијалаци, како и за режиски трошоци (13.423 денари). Од Сојузот на синдикати на Македонија, велат дека еден функционер со неговата плата покрива три синдикални минимални кошнички, а еден работник со две и пол минимални плати не може да ја покрие потрошувачката кошничка.
„И покрај сите мерки на Владата, трошоците за храна и пијалаци за само една година се зголемени за 2.766 денари, а во 2023 година ниту еднаш не е намалена вредноста на храна и пијалоци во делот на Синдикалната минимална кошница што покажува дека функционерите си го гледаат само нивниот интерес и знаејќи го овој факт си ги зголемија нивните плати за 2000 денари дневно или за 78 проценти месечно“, велат од ССМ.
Просечната исплатена нето-плата во февруари изнесувала 33.720 денари, според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).foto freepik.com/senivpetro
Можеби ќе ве интересира
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети




