07 Декември, 2025
0.1486

РАБОТОДАВЦИ ОВА Е ЗА ВАС: Пет работи поради кои ваш добар работник дава отказ!

Објавено во: Финансии 11 Март, 2018 11:46

Добивај вести на Viber

Во едно истражување на Галуп, околу половина од вкупно 7 200 испитаници одговориле дека даваат отказ како би „избегале“ од својот менаџер на работа. Многу менаџери и работодавци го губат од вид фактот дека ЛУЃЕТО ЈА СОЧИНУВААТ КОМПАНИЈАТА. Наместо тоа да го видат, тие се врзуваат за „политика на фирмата“ и процедури. Исто така, толку се фокусираат на бизнис аспектите на компанијата што забораваат дека нивните вработени се потпирач на бизнисот.

Бриџит Хајацинт, авторка на книгата “The Future of Leadership: Rise of Automation, Robotics and Artificial Intelligence”, смета дека овие пет работи се пресудни добриот вработен да даде отказ.

„Управување на мирко ниво“ (во слободен превод-мешање во се и сешто)

Вработените сакаат да имаат самостојност кога работат. Ако менаџерот се меша и во најмала ситница дури и тогаш кога вработениот е прилично самостоен, тоа само може да го зголеми стресот на работното место. Ако веќе некој сте вработиле, тоа значи дека му верувате дека може добро да ја работи својата работа. Никој не работи подобро ако некој константно го надгледува, проверува и постојано опоменува цитирајќи забелешки.

Нема шанса за напредок и развој

Менаџерите се должни да ги знаат своите вработени и што е тоа што ги мотивира.Ако не знаат, доволно е да прашаат, слушаат и да ја следат нивната работа. Веќе со самото слушање многу се учи. Вработените се мотивираат со динамични и предизвикувачки проекти како и флексибилни цели кои ќе ги „натераат“ да напредуваат. Ако проектите се статични, и има доста рутинска работа, вработените немаат на што да се надеваат и почнуваат да се исклучуваат.

Недостиг на емпатија

Ако вработените се соочуваат со проблеми од лична и професионална природа, од работодавците или менаџерите се очекува да покажат емпатија.Мора да покажат дека го разбираат проблемот и да олеснат или да им понудат решение. Што значи тоа во пракса? Во тешки времиња менаџерот треба да покаже дека е „човек“.

Не негува баланс помеѓу работа и приватен живот

Никој не сака да работи прекувемено ниту за викенд, колку и да ја сака работата и без разлика колку до неа му дошло.

Не го наградува и не го препознава трудот на вработените

Ова е една од најголемите причини на недостиг на мотивираност. Сите сакаат да се чувствуваат почитувани. Дополнителен напор вложен во работата доколку не е препознат, ценет и награден, може вработениот да го остави со чувство дека е изигран и потценет.

Според статистиките на Бирото за вработување во Америка, од 2016-та година просечното време на „задржување“ на едно работно место е четири и пол години. Со доаѓањето на младите генерации на милениумот, тоа време стана и пократко. Тие не очекуваат да останат на една работа подолго од три години.

Ваквата статистика никако не е добра ниту за вработените а уште е полоша за работодавците кои мора да бараат а потоа и да обучуваат работници. Работното опкружување кое поддржува искреност, отворена комуникација и фер односи, нема да има потешкотии да го задржи добриот работник.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите

Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција