18 Февруари, 2025
0.0308

РАДИЈАТОРИТЕ ИМ СЕ ЛАДНИ - расте бројот на домаќинства кои не можат соодветно да се загреат во Европската унија

Објавено во: Економија 26 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Во 2023 година, 10,6 отсто од населението на ЕУ не можеше да го загрее домот соодветно. Во споредба со 2022 година, ова учество е зголемено за 1,3 процентни поени, објави европскиот статистички центар „Евростат“. 

- Најголем процент на луѓе кои не можат соодветно да ги загреат своите домови се забележани во Шпанија и Португалија каде проценто достигнува до 20,8 проценти, а потоа следат Бугарија со 20,7 отсто, па  Литванија со 20 проценти и  Грција со 19,2 отсто - наведува „Евростат. 

За разлика од нив, на спротивната страна се Луксембург каде само 2,1 процент од населението не можело да си дозволи соодветно затоплување. Потоа следува Финска со 2,6 проценти, па Словенија со 3,6 отсто, Австрија со 3,9 проценти и  Естонија со 4,1 отсто, и тоа се земјите кои имаат најмал уддел на граѓани кои не можат да си дозволат соодветно затоплување. 

Ваквите информации предизвикаа бура кај нашиот јужен сосед. 

Грчкиот Катимерини пишува дека скоро секој петти Грк не моќе да го загрее домот, што е знак за назадување, бидејќи процентот на граѓани кои не можат да си дозволат да го затоплат соодветно домот се зголемува. 

Последната бројка претставува значително зголемување од 17,1 отсто Грци кои рекоа дека не можат да ги загреат своите домови во 2020 година. Во 2022 година, бројот на Грци кои не можеа да ги загреат домовите беше 18,7 отсто. Во последните години низ Европа се зголемува процентот на луѓе кои не можат соодветно да ги загреат домовите - пишува Катимерини.

Можеби ќе ве интересира

ГУМИТЕ СЕПАК ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВААТ: „Тигар“ избегна банкрот, државата отвара нови работни места

ГУМИТЕ СЕПАК ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВААТ: „Тигар“ избегна банкрот, државата отвара нови работни места

Тренчевска: Новата програма за помош од 1.000 денари за плаќање струја изоставува голем број граѓани

Тренчевска: Новата програма за помош од 1.000 денари за плаќање струја изоставува голем број граѓани

ИДЕ ВРЕМЕ ЗА ДИВИДЕНДИ! Колкав е дивидендниот потенцијал на трите најголеми банки?

ИДЕ ВРЕМЕ ЗА ДИВИДЕНДИ! Колкав е дивидендниот потенцијал на трите најголеми банки?

КОЈ ПЛАТИ 920 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА УПРАВУВАЧКИОТ ПАКЕТ НА СТОКОВНА КОРЗО БИТОЛА - какви се плановите на инвеститорот со некогашниот симбол „Јавор“

КОЈ ПЛАТИ 920 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА УПРАВУВАЧКИОТ ПАКЕТ НА СТОКОВНА КОРЗО БИТОЛА - какви се плановите на инвеститорот со некогашниот симбол „Јавор“

НА МЛАДИТЕ ИМ ТРЕБА ЏЕПАРЛАК ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕ: Можат ли да се социјализираат без да потрошат пари?

НА МЛАДИТЕ ИМ ТРЕБА ЏЕПАРЛАК ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕ: Можат ли да се социјализираат без да потрошат пари?

Гасна централа е спас за долговите на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Гасна централа е спас за долговите на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА - КЛУЧЕН ЧЕКОР КОН СТАБИЛНА И ОДРЖЛИВА ИДНИНА

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА - КЛУЧЕН ЧЕКОР КОН СТАБИЛНА И ОДРЖЛИВА ИДНИНА

КОЈ НЕМА ДА МОЖЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Се воведуваат дозволи за патување, некој може да биде одбиен

КОЈ НЕМА ДА МОЖЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Се воведуваат дозволи за патување, некој може да биде одбиен

ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ СО НУТЕЛАТА ПО СМРТТА НА НЕЈЗИНИОТ КРЕАТОР? Создаден пред повеќе од 60 години, Италијанците би го ставиле на поштенска марка, но што велат наследниците?

ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ СО НУТЕЛАТА ПО СМРТТА НА НЕЈЗИНИОТ КРЕАТОР? Создаден пред повеќе од 60 години, Италијанците би го ставиле на поштенска марка, но што велат наследниците?