18 Февруари, 2025
0.0377

Меѓународен ден на чиста енергија - Божиновска со студентите: Младите се иднината на чистата енергија и иновациите

Објавено во: Економија 26 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

По повод Меѓународниот ден на чистата енергија, министерката за енергетика Сања Божиновска оствари инспиративна средба со студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). Таа гостуваше во „Лабораторијата на знаење“ – ФабЛаб, каде што младите работат на иновативни проекти, создаваат прототипи и активно учествуваат во научноистражувачката работа.

„Младите инженери и иноватори не само што се стекнуваат со знаење, туку создаваат решенија кои ќе ја обликуваат иднината на чистата енергија и во Македонија, но можеби и во светот. Иновациите во оваа област се важни за целиот свет. Нивната креативност и посветеност се движечка сила за развојот на енергетиката и технологијата.“ истакна министерката Божиновска.

За време на средбата, студентите ја запознаа министерката со своите најнови проекти, меѓу кои и иновативни решенија за енергетска ефикасност, користење на 3Д печатење за практични прототипи, како и иницијативи за поддршка на лицата со попреченост. Од нивните идеи, како што посочија, утре може да излезе практична иновација што ќе придонесе за поодржлива иднина.

Во знак на благодарност за нејзината континуирана поддршка, студентите ѝ врачија статуетка што сами ја изработиле и испечатиле на 3Д принтер во лабораторијата.

„Од овие млади луѓе учиме дека можностите се неограничени кога има поддршка и инспирација. Наша должност е не само да ги едуцираме, туку и да ги мотивираме. Македонија има талентирани млади, а наша задача е да создадеме услови тие да се развиваат и да останат тука, носејќи иновации и напредок.“ додаде министерката.

Министерката ги охрабри студентите да продолжат со својот иновативен дух и најави поддршка за проекти кои ќе придонесат за чиста енергија, енергетска ефикасност и одржлив развој.

„Овие студенти се идните лидери на нашата енергетика, а нивните идеи ќе бидат двигател на македонската енергетска транзиција.“ истакна таа.

Меѓународниот ден на чиста енергија, кој се одбележува на 26 јануари, беше прогласен во 2023 година од Генералното собрание на ОН (резолуција A/77/327) како повик за подигнување на свеста и мобилизирање на активности за праведна и инклузивна транзиција кон чиста енергија, за доброто на луѓето и планетата.

Можеби ќе ве интересира

ГУМИТЕ СЕПАК ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВААТ: „Тигар“ избегна банкрот, државата отвара нови работни места

ГУМИТЕ СЕПАК ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВААТ: „Тигар“ избегна банкрот, државата отвара нови работни места

Тренчевска: Новата програма за помош од 1.000 денари за плаќање струја изоставува голем број граѓани

Тренчевска: Новата програма за помош од 1.000 денари за плаќање струја изоставува голем број граѓани

ИДЕ ВРЕМЕ ЗА ДИВИДЕНДИ! Колкав е дивидендниот потенцијал на трите најголеми банки?

ИДЕ ВРЕМЕ ЗА ДИВИДЕНДИ! Колкав е дивидендниот потенцијал на трите најголеми банки?

КОЈ ПЛАТИ 920 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА УПРАВУВАЧКИОТ ПАКЕТ НА СТОКОВНА КОРЗО БИТОЛА - какви се плановите на инвеститорот со некогашниот симбол „Јавор“

КОЈ ПЛАТИ 920 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА УПРАВУВАЧКИОТ ПАКЕТ НА СТОКОВНА КОРЗО БИТОЛА - какви се плановите на инвеститорот со некогашниот симбол „Јавор“

НА МЛАДИТЕ ИМ ТРЕБА ЏЕПАРЛАК ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕ: Можат ли да се социјализираат без да потрошат пари?

НА МЛАДИТЕ ИМ ТРЕБА ЏЕПАРЛАК ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕ: Можат ли да се социјализираат без да потрошат пари?

Гасна централа е спас за долговите на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Гасна централа е спас за долговите на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА - КЛУЧЕН ЧЕКОР КОН СТАБИЛНА И ОДРЖЛИВА ИДНИНА

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА - КЛУЧЕН ЧЕКОР КОН СТАБИЛНА И ОДРЖЛИВА ИДНИНА

КОЈ НЕМА ДА МОЖЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Се воведуваат дозволи за патување, некој може да биде одбиен

КОЈ НЕМА ДА МОЖЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Се воведуваат дозволи за патување, некој може да биде одбиен

ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ СО НУТЕЛАТА ПО СМРТТА НА НЕЈЗИНИОТ КРЕАТОР? Создаден пред повеќе од 60 години, Италијанците би го ставиле на поштенска марка, но што велат наследниците?

ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ СО НУТЕЛАТА ПО СМРТТА НА НЕЈЗИНИОТ КРЕАТОР? Создаден пред повеќе од 60 години, Италијанците би го ставиле на поштенска марка, но што велат наследниците?